Манастир Тумане
4.5/5 rating (2 votes)

ТУМАНЕ - БЕЛГРАД

12/04-14/04/2024

 

1.ДЕН 12.04.2024  ОХРИД - ТУМАНЕ

Состанок на група 20:30ч. на бензиска пумпа Лукоил, поаѓање за Белград во 21:00ч. Пaтувањето продолжува преку Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2.ДЕН 13.04.2024  ТУМАНЕ - БЕЛГРАД

Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков  како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица.  Посета на литургија од 09: 00ч - 11:00ч. , Молитва за здравје во 11:30ч. - 11:45ч. (секој треба дa има по една свеќа) Предвидена посета на испосницата на Свети Зосим која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Испосницата е во карпа каде има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител, а покрај пештерата има чудотворен извор. Се упатуваме кон средновековна тврдина Голубац споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии. Во попладневните часови поаѓање за Белград. Сместување во Хотел. Слободно време. Можност за организирана вечера во Скадарлија - Боемски квартал каде се наоѓаат најпознатите староградски кафани. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3.ДЕН 14.04.2024   БЕЛРАД - ОХРИД

Појадок. Одјавување од Хотел. Факултативна посета на музеј Југославија (куќата на цвеќето), потоа се упатуваме кон величенствената Свети Сава - најголемиот православен храм на Балканот. Панорамски разглед на главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 110

 

Во цената е вклучено:

 

Во цената не е вклучено:

 

НАПОМЕНА

 

 

 

2844

Leave a comment

You are commenting as guest.