Вевчани

 

Едно од најпознатите и најразвиени туристички села во Македонија, селото Вевчани, за кое неговите жители со гордост кажуваат дека е поградско и од некои градови во Македонија.

Познато по Вевчанските извори, Вевчанскиот карневал, љубовта на Вевчанци кон своето село, архитектурата...

Турата ќе почне во утринските часови. Патот води низ Струга, каде ќе се има краток стоп, на мостот на поезијата, покрај реката Дрим, прошетка низ Струшката чаршија.

Екуризијата продолжува кон селото Калишта, кое е 5 мин возење одалечено од Стурга.

Посета на пештерната црква Раѓање на Св. Богородица во која има испоснички ќелии и фрески од XIV век.

Во склоп на манастирот има и нова црква исто посветена на Св. Богородица. Во неа се наоѓа и иконата – Црна Богородица – која локалните жители и верници ја смеетат за чудотворна и лековита.

Одалеченоста на Вевчани од Стурга е 15 км и води низ две големи села – Велешта и Враништа.

Прошетка низ селските улици кој води по нагорнина до изворите.

Изворите покрај убавината која му ја пружаат на селото се и буквално и живот за Вевчанци.

Кога во поранешна Југославија, власта сакала да пренасочи дел од водата од изворите кон Струга и елитната населба Елен Камен, Вевчанци се спротиставиле и тоа се смета за еден од привте изјави на демократија во поранешна Југославија.

Изворите и кејот се мошне убаво уредени. Во селото има и неколку воденици кои сеуште го мелат житото на традицинален начин. Посета на една од водениците.

Едена од најзанчајните манифестации која се одржува во селото е Василичарскиот карневал – се одржува 13 Јануари.

Креативноста, хуморот и разноликоста со маски привлекува голем број гости од земјата и странство.

После прошетката и разгледот на селота, факултативно организиран ручек во еден од селските ресторани – кои се познати по традиционалната кујна, домашно сирење, пршута, домашното вино.

Враќање во хотел.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

2209

Leave a comment

You are commenting as guest.