mksqhrendeelrusr
  • a
  • b
  • c
  • d
  • e
  • f
  • g
  • h
  • i
  • j
  • k
  • l
  • m
  • n
  • o
  • p
  • q
  • r
  • s
  • t
  • u
  • v
  • w
  • x
  • y
  • z
  • #

Скијатос

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 3часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скиатос. Припаѓа во групата на Северни Споради,изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море.Заедно со островите  Хвар,Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа.Островот – Скиатос со површина од 50 км2 и преку 50 плажи со извонредна забава за млади.Плажите Агиа Параскеви,Трулос,Кукунариес,Банана Бич,Дијамант Бич,Лалариа-бела камена плажа и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени. Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани,бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.