Сараево - Мостар со трансфер од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

САРАЕВО- МОСТАР

ПРВ ДЕН –  30.04.2026 (ЧЕТВРТОК)ОХРИД - БИТОЛА - САРАЕВО
Поаѓање  во 16 30 часот. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН – 01.05.2026 (ПЕТОК) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.
Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 02.03.2026 (САБОТА) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР
Појадок. По појадокот се упатуваме кон бункерот на Тито.  По посетата на бункерот, групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва...  По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН – 04.05.2026 (НЕДЕЛА) БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - ВИШЕГРАД - АДРИЌГРАД - БИТОЛА - ОХРИД
Појадок. По појадокот посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија. 


ПРОМО ЦЕНА: 109 € 
РЕДОВНА ЦЕНА: 129 €



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз 
- 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево;
- Разглед на Сараево со водич;
- Посета на Андриќград и Вишеград
- Туристички придружник за време на целото патување
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Пакет Неретва (Бункер на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) - 70 евра (се плаќа во автобус)
25

Leave a comment

You are commenting as guest.