С Т О К Х О Л М
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
01.05 (Петок)СКОПЈЕ – СТОКХОЛМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03.45 часот. Авионот за Стокхолм полетува во 05.45 и слетува во 09.00 часот. Трансфер до хотелот да се остави багажот. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот... Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и потоа можност за вечерна прошетка. Препорачуваме да се проба омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill - харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција. Ноќевање.
02.05 (Сабота)СТОКХОЛМ
Појадок. Факултативно, посета на „зеленото срце на Стокхолм“ - островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи. Го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен - најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Посета на прочуениот музеј Vasamuseet, во кој се наоѓа воениот брод Васа, кој бил потонат на своето прво патување во 1628 година. Бродот бил изграден по наредба на големиот крал Вас и бил најмоќниот воен брод од таа ера. Потоа, заедничка посета на затворениот пазар Салухал, една од најубавите палати изградени во готски стил во Шведска. Богатството од деликатеси, специјалитети од морска храна, штандови за колачи и разни деликатеси е многу привлечно! Кратка пауза за кафе или дегустација на различни видови храна. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
03.05 (Недела)СТОКХОЛМ
Појадок. Слободно време или факултативно, прошетка со нашиот водич во Содермалм, еден од најживописните и најмодерни делови на Стокхолм, познат по својата креативна атмосфера и опуштен стил. Некогаш работнички кварт, денес претставува центар на уметноста, дизајнот и алтернативната култура.Потоа, два ипол часовно крстарење низ архипелагот (Archipelago Tour with Lunch). Ова туристичко крстарење во Стокхолм комбинира панорамско разгледување на архипелагот со ручек на брод. За време на пловидбата се ужива во прекрасни глетки кон бројни мали острови, традиционални шведски куќички, природни пејзажи и крајбрежни населби. Уживајте во вкусен ручек додека се восхитувате на убавините на архипелагот, а водичот на бродот ќе сподели интересни приказни за местата низ кои се поминува. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
04.05 (Понеделник)СТОКХОЛМ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 09.35 часот. Пристигнување во 12.45 часот.
LAST MINUTE! 499 евра (30.940 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 629 евра (39.000 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје-Стокхолм-Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
Посета на островот Џургарден со водич, влезница за музејот Абба и за музејот Васа 65 евра
Прошетка во Содермалм со водич и крстарење низ архипелагот со вклучен ручек (месо, риба или вегетaријанска храна) 60 евра
Туристичка такса 930 мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција)
Доплата за еднокреветна 8.120,00 мкд.
Влезници во локалитетите
Карти за локален превоз
Патничко и здравстено осигурување
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.