„LA BELLA PUGLIA“
0.0/5 rating (0 votes)

ПРОЛЕТНО ПАТУВАЊЕ ,, LA BELLA PUGLIA,,

 

Пулиа е една прекрасна област распространета на југот од Италија, област за кои некои велат дека ,,времето

застанало,со население од околу 4 милиони жители од кои повеќето се населени во поголемите градови Бари, Бриндизи, Лече, Фоџа,Таранто. Позната е по производство на масло, 40 % од маслиновото масло во Италија се произведува во Пулиа, но и по производството на вино , 17 % од вкупното производство на вино во Италија се произведува во Пулиа. Токму заради таквите дејности Пулиа успеала низ годините да ја задржи автентичноста , типичноста, невидената еколошка чистота и многу градови да станат познати и под заштита на светското богатство на Унеско.

 

Во последните години Пулиа станува се попозната туристичка дестинација .

ПУЛИА личи на маслинов килим , никој не знае колку маслинови дрвја има , се чуствува мирисот на маслините, но се спомнува цифра од 50 – 60 милиони маслинови дрвца .

Лугето во Пулиа се малку поразлични од типичните италијани. Добронамерни, љубезни, постојано насмевнати , многу, многу малку зборуваат англиски,но се решаваат со својата насмевка. Како туристичка дестинација се рекламира како дестинација каде времето застанало...

Многу интересно е да се каже дека Пулиа е позната по тоа што се живее долго.Просекот е негде над 82 години, но не само тоа туку и дека лугето на 82 години лесно патуваат низ светот. Многу аналитичари зборувале за магијата на овој дел помегу двете мориња.

Дали смиреноста на лугето го продолжува животот,дали мирисот на маслините, живеењето во автентичните кукички или пак типичната храна која е карактеристична за овој дел и со која Пулијците се гордеат.

 

БАРИ–АЛБЕРОБЕЛО–ПОЛИЊАНО А МАРЕ–МАТЕРА- ОТРАНТО-ЛЕЧЕ-ТРАНИ– ДРАЧ

Бари е главен град на регионот и на околината Апулиа во југоисточна Италија.Toj e деветти град по големина, и втор по значајност во јужна Италија, после Неапол. Градот е посебно познат како град на свети Никола затоа што во градската катедрала се чуваат моштите на овој светец. Токму поради овој факт, градот привлекува огромен интерес за посета кај сите верски поклоници од католичка и православна вероисповед од сите делови на светот кои со голема почит пристигнуваат на поклонение.

Бари има над триста илјади жители богат е со многу трговски продавници, познат е по карактеристичните и прекрасни стари улички. Често низ отворените прозорци можете да ги видите локалните домаќинки како ги прават надалеку познатите пасти и тестенини.

Инаку, Апулиа како област е најпозната по маслинките и прекрасното маслиново масло,немојте да заминете од Бари без да понесете од познатото Апулиско маслиново масло .

 

ТЕРМИН НА ПАТУВАЊЕ

28.04 - 03.05.2024 / 6 ДЕНА

1.ДЕН 28.04. 2024г. Драч - БАРИ

Поѓање од Охрид за Драч во 14.00 часот. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и НОЌЕВАЊЕ на траект.

 

2 ДЕН 29.04. 2024г. БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО- ПОЛИЊАЊО А МАРЕ - БАРИ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Во 8.00часот поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив сеуште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките.По разгледот на Алберобело, посета на Polignano a Mare. Градот на карпа на Доменико Модуњо, ќе ве воодушеви со живописната убавина и неговата уникатност. Во однапред договорено време враќање во Бари и сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

3 ДЕН 30.04. 2024г. БАРИ-МАТЕРА - БАРИ

Појадок.По појадокот полудневен излет во Матера.Матера е град во областа Базиликата во Јужна Италија, бил главен град во оваа област од 1663 година до 1806 година. Градот лежи на камениот кањон познат под името Гравина. Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и од 2019 година прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,, Можеш да прошеташ над пештерните куќи стари 9000 години , можеш шетајки да почуствуваш дека си во некоја машина која те

враќа назад во времето и те шета низ вековите. До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот брои 62 000 жители , а заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во 1964 г. од Пиер

Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004 година.

Во попладневни часови, враќање во Бари и разглед на стариот град - познат историски центар, преполн со мали улички, обиколен со ѕидини, посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век - заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти, дворецот од XII век, главната улица Lungomare Imperatore Augusto,преполна со продавници од најпознатите светски брендови и театарот –Teatro Margherita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese Mercantile,познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетерии и ресторани.Слободно време за индивидуални активности и можност за сите љубители на добрата храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. НОЌЕВАЊЕ.

 

4 ДЕН 01.05.2024 БАРИ-ОТРАНТО-ЛЕЧЕ-БАРИ

Појадок. По појадокот поаѓање за целодневен излет Отранто и Лече. Отранто – град сместен на западниот дел од полуостровот Саленто и заштитен од УНЕСКО.Познат по Арагонскиот замок од 15 век и катедралата на Отранто од 11 век, со прекрасни мозаични подови.Како приморски град на Јадранското море, има прекрасно крајбрежје, или како што италијаните го нарекуваат “lungomare”. Поради преубавите плажи во близина популарен е како летна дестинација за одмор.По разгледот на градот и краткиот одмор, патот продолжува за Лече - град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија, но познат и по единствениот барок својствен само за Лече.Покрај големиот број барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св. Крст, тука можат да се посетат катедралата Дуомо, црквата Св. Никола и дворецот, добро сочуваниот римски амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V и XVI век, статуата на Св. Лоренцо – заштитник на градот Лече која го обележувала крајот на

Апијанскиот пат од Рим за Јужна Италија. Слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по локалните улици и продавници како и можност да се вкусат познатите италијански специјалитети надалеку познати во светот по својот уникатен вкус. Во вечерните часови враќање во хотелот во Бари. НОЌЕВАЊЕ.

 

5 ДЕН 02.05. 2024г. БАРИ-ТРАНИ-ДРАЧ

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Трани, приморски град на север од Бари.Рибарско место кое ќе ви ја плени душата . По разгледот време за слободни активности, можност да го пробате локалното бело вино или разни специјалитети со морски плодови, кои секојдневно се ловат од морето. Пред пристигнувањето на пристаниште и качување на траект, попатна посета на трговски центар. Во 22.00 часот испловување со траект и поаѓање за Драч. НОЌЕВАЊЕ на траектот.

 

6 ДЕН 03.05. 2024г. ДРАЧ-ОХРИД

Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Македонија со попатни одмори и застанувања поради царински формалности. Пристигнување во пладневните часови во Охрид.

 

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА 19.900 денари

* уплатите извршени за рана резервација не се рефундираат

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

- Превоз со автобус туристичка категорија Охрид-Драч-Охрид

- Полудневна екскурзија во Алберобело

- Хотелско сместување во хотел Барион 4* - 3 ноќевања со појадок

- Траект Драч-Бари- Драч – седишта / кабина ( со доплата )

- Професионален локален водич

- Претствник од агенцијата кој патува со туристите

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :

- Задолжителен излет Отранто и Лече,цена 3700 денари

Напомена: При пријавување, овие излети се во пакет. Излетите опфаќаат целодневно патување и пријавените ги

посетуваат Лече и Отранто.

- Факултативен излет Матера – 1080 денари

- Факултативно – Трани 770 денари

За уплата на пакет излети - 4.950,00 мкд (80e)

-----------------------------------------------------------------------------

- Патничко осигурување

- На траект - Доплата за кабина со сопствено купатило (туристичка категорија) -

Драч- Бари –Драч: цена по лице, по правец 1000 мкд

- туристичка такса 3 евра по лице на ден ( се плаќа во агенција )

- доплата за еднокреветна соба – 6.500,00 мкд / доплата за еднокреветна кабина 3.500,00 мкд

 

Основни правила

1.За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници

2.Организаторот има право да го откаже патувањето до 10 дена пред поаѓање

3.За пријава е потребно 30 % уплата.

4.Седиштата се распределуваат исклучиво при самото пријавување, што значи при уплатата на депозитот или првата рата.

За организација на аранжманот важат општите услови за патување.

 

521

Leave a comment

You are commenting as guest.