01.05.2026 – 04.05.2026
Главниот град на Кралството Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и голем број на културни атракции кои ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар како за Шпанија, така и за голем дел од јужна Европа.
Бидејки областа е населена од Римско време има многу историски локалитети за истражување и уживање. Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови , ресторани и клубови .
01.05.26 – 1 ДЕН Скопје – Мадрид
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:50ч, лет за Мадрид во 16:50ч. Пристигнување во Мадрид во 20:40ч. Трансфер до хотел и сместување.
02.05.26 – 2 ДЕН Мадрид
Појадок. По појадокот организирана факултативен пешачки разглед на Мадрид. Кралскиот градсовршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови.
Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, палатата Palacio Real de Madrid, катедралата., плоштадот Puerta del Sol…. Слободно време за индивидуални активности, шопинг, кафе, ручек. Попладнето можност за посета на паркот El Retiro, триумфалната капија и фонтаната Cibeles. За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Реина Софија познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника”. Ноќевање
03.05.2026 – 3 ДЕН Мадрид- Толедо
Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме знаменитостите во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните околу главниот плоштад.
Толедо е и град на познатиот сликар Ел Греко кој тука живеел и работел. Па, неизбежен дел од посетата на овој град се и неговиот музејот како и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо. Враќање во Мадрид. Слободно време. Можност за посета на музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило…. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко. Ноќевање.
04.05.2025 – 4 ДЕН Мадрид – Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Тисен Борнемица или Кралската палата која со повеќе од 3400 простории е најголема во Западна Европа. Нејзината внатрешност ја отсликува уметничката и занаетчиската големина на Шпанија низ вековите – ткаенини од свила и дамаст, фрески насликани од Гоја, позлатен мебел… За љубителите на фудбалот можност за посета на фудбалскиот стадион Santiago Bernabeu, дом на најтрофејниот и најпознатиот фудбалски клуб во светот,кралскиот Реал Мадрид. Околу 18:00 трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 21:25 и слетување во 00:50.
ЦЕНА 499 евра
- Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
Во цената е вклучено :
Во ценaта не е вклучено: