КСАНТИ , КАВАЛА И СВ. ЛИДИЈА
Прв ден – 04.10.2025 МАКЕДОНИЈА – Св. ЛИДИЈА - КСАНТИ
Поаѓање за Грција во раните утрински часови. Гранични формалности и попатни паузи. Потоа се упатуваме кон местото Лидија и Црквата посветена на крштевањето на Св. Лидија Македонка - првата европска христијанка, крстена од Св. Апостол Павле во реката Зигактис. Слободно време за разглед.
Попладне се упатуваме кон Ксанти – преубав град музеј на отворено. Се сместуваме во хотел. Мал одмор. Потоа се упатуваме на прошетка по поплочените тесни улички на стариот град, кој го красат преубави вили со архитектура која е спој на локалното и отоманскиот стил, византиски цркви, живописни плоштади... Вечерта можност за организирана факултативна вечера со забава со музика или индивидуално да се ужива во локалните таверни и раздвижениот ноќен живот на градот.
Ноќевање.
Втор ден – 05.10.2025 КСАНТИ – ПОРТО ЛАГОС - КАВАЛА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон живописното место Порто Лагос, рибарско село со идилична слика на јата розови фламингоси. Од десната страна гледаме море, а од левата езерото Вистонида. Ќе го посетиме и ˮ пловечкиот ˮ Манастир Св. Никола, кој е изграден на мал остров и создава илузија како да плови по вода. Слободно време да се ужива во уникатноста на Порто Лагос.
Потоа се упатуваме кон Кавала , еден од поубавите грчки градови, кој наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и месечината. Најважниот градски споменик – стариот аквадукт или ˮ Камарес ˮ изгледа како мост кој ги поврзува старите куќи од едната и другата страна. Разглед на стариот град, прошетка покрај море, слободно време за кафе, ручек...
Доцна попладне поаѓаме за Македонија со попатни паузи.Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
Цена на аранжманот: 115 еур ( 7.130 денари )
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Сместување во Ксанти хотел 3* едно ноќевање со појадок
- Разглед на градот Ксанти
- Посета на Кавала
- Посета на Порто Лагос
- Посета на Црквата Св. Лидија
- ПРЕВОЗ ОД ОХРИД
Цената на аранжманот не вклучува:
- Туристичка такса – 2 еур
- Патничко здравствено осигурување
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
34