Ртањ од Охрид
4.0/5 rating 1 vote

РТАЊ 
Ртањ претставува феномен кој привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. 
 
ПРВ ДЕН (23.10.2025) Четврток 
 
05:00h Тргнување. Патувањето го продолжуваме кон Србија. Гранични и царински формалности. Планирана попатна пауза за кафе, ручек во Лесковац. Пристигнување во Ртањ и сместување во апартмани Гмитровиќ. Слободно индивидуално време за одмор, истражување на околината, или евентуално користење на бањите во Хотел Рамонда кој е на 300м од сместувањето ( влезница 14 еур). Во договор со групата можност за организирање вечера во Ресторан Оаза ( чорба, гулаш, сарма, салата и десерт - 10 еур ). Слободна вечер.
Ноќевање. 
 
ВТОР ДЕН (24.10.2025) Петок 
 
Појадок - шведска маса . По појадокот се упатуваме на прошетка со водич до селото ’Ртањ кое е познато по космичката енергија-“Светилиште” и е единствено во Европа.Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-(Saturea montana) познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога. Пирамидите треба да ја имаат целата своја енергија на врвот, но Ртањ ги испраќа своите најсилни бранови на дното, што е само една од особеностите на Ртањ  Планината Ртањ ја посетувал и самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија. Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“ (локалитетот со позитивни магнетни зрачења кои имаат благотворно влијание на организмот.)
 Се враќаме во хотел, слободно време.
Вечерта организирана свечена вечера со музика - предјадење, скара, прасешко печење, салата, десерт, пијалок во неограничени количини.
 Ноќевање 
 
ТРЕТ ДЕН (25.10.2025) Сабота 
 
Појадок- шведска маса. Се одјавуваме од апартманите. Поаѓање за Македонија со попатна пауза за ручек и освежување во Ниш. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови. 
 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 135 еур

 
Понудата вклучува
• Превоз со автобус на дадената релација 
• 2 ноќевања со појадок во апартмани Гмитровиќ во Ртањ
• Посета на Врело – магнетни полиња, планината Ртањ со водич
• Свечена вечера со музика
• Комплетна организација и реализација на програмата
• Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување
 
Понудата не вклучува
• Туристичка такса - 
• Вечера на 23.10.- 10 еур
• Влезница и користење на базените хотел Рамонда - 14 еур
• Патничко осигурување
• Сите индивидуални трошоци
 
НАПОМЕНИ:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Ако бројот на патници е помал од предвидениот, патниците ќе бидат известени за промена на типот на превозното средство или евентуално промена на цената.
– Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на изведувањето или промена на деновите во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже.
- За изведување на факултативните излети е потребен е определен минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
- Доплата за еднокреветна соба 60 еур.
- Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците
12

Leave a comment

You are commenting as guest.