Зарем се потребни посебни зборови да се опише неповторливата и бескрајно романтична Италија...Без разлика дали сте љубител на уметноста и архитектурата или сте голем гурман и ве привлекува вкусот на пицата или надалеку познатиот италијански сладолед ... или едноставно сакате бесцелно да лутате по тесните улички додека чекорите ви одзвонуваат по старата калдрма а во далечината го слушате звукот на осамена виолина, кој допира од некој од многубројните специфични италијански ресторани ... Италија секако ќе ви се допадне...
Рим е “ одбраниот град ” . Бил изграден да владее и да доминира со светот. Таму се е масивно, цврсто и “ вечно ” . Доволно е само еднаш да стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено и да ви се одземе здивот. Рим (италијански Roma ) е главен град на Италија и посебна општина во Италија, позната како Comune di Roma, како и главен град на областа Лацио. Се наоѓа во централно западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар. Со своите 2,877,215 жители и распространет на 1,285.3 км² Рим е најголемиот и најнаселениот град и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. . Рим е уникатен бидејќи во неговите рамки постои независна држава - Ватикан. Ватикан е енклава на Рим и во неа се наоѓа “Светата Столица”, којашто претставува врховна влада на Римокатоличката црква. За Рим се напишани многу книги, снимани многу филмови, испеани многу песни, но треба да се почувстува лично, да се стопите во атмосферата, да ги допрете старините, да зачекорите во историјата, да ги погледнете музеите, да ја вкусите храната – едноставно да му посветите неколку денови за да го доживеете ...
ПРОГРАМА
ТЕРМИН НА ПАТУВАЊЕ: 22.10 - 28.10.2024 22 октомври 2024 – Охрид - Драч ( 166 км )
22 октомври 2024
Поаѓање од Охрид за Драч во договорено време. Дневно возење до пристаништето на Драч со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Драч околу 19 часот, По завршување на формалностите качување на траект и сместување во кабините . Поаѓање на траектот во 22 часот . Ноќно пловење ( седиште или кабина по избор).
23 октомври 2024 - Бари – Амалфи – Позитано - Соренто ( 290 km )
Пристигнување во Бари околу 08:00 часот . Во 09:00 тргнување за Соренто, еден од најшармантните градови во Италија, сместен на врвот на полуостровот, меѓу насади со портокали и лимони, со незаборавен поглед на Неаполскиот залив и Везув. Пристигнување на пристаништето во Соренто и почеток на магијата во траење од 6 часа. Посета на Амалфи и Позитано.Престој по 2 часа во секој град – разглед со локален водич на бисерите од Амалфискиот брег. Ова е едно од најубавите катчиња во кои човечкото око може да ужива. Стрмни брегови издигнати над азурното сино море, божествени вили сместени меѓу бујното зеленило, градови и села распоредени како ѓердан со белите фасади на нивните куќи на проѕирните карпи над морето и рибарски села сместени во пазувите на шармантните заливи.. Пристигнување во Соренто во попладневните часови. Сместување во хотел.
Ноќни прошетки низ најшармантниот град на Амалфискиот брег. Соренто не е само морски град за одмор, туку е и град на кој можете да му се воодушевувате преку целата година. Тој е еден од најшармантните градови во Италија.
Ноќевање.
24 октомври 2024 - Соренто – Неапол – Рим ( 270 km )
Појадок. Дневен разглед на Соренто со локален водич. ( 2 – 3 часа ). Пешачки разглед на градот, црквата Св. Антонио, рибарското село Марина Гранде и панорамскиот плоштад во градската градина. Централниот плоштад, Piazza Tasso, манастирот Сан Франциско, римските урнатини, како и двете пристаништа – Марина Гранде и Марина Пикола – исто така се од интерес за посетителите на градот. Секако не може да се пропушти и централната шопинг улица San Cesareo. Во договорено време поаѓање за Неапол.( 48 км ). Неапол ( Napoli ), главниот град на регионот Кампанија – ново доживување во градот – душата на Италија. Панорамска прошетка и разглед на градот со локален водич - сместен во централниот дел на Неаполскиот Залив, под сеуште активниот вулкан Везув, со богато културно-уметничко наследство кое е под заштита на УНЕСКО. Разглед на Кралската Палата на Неапол, Театарот San Carlo, средновековниот замок Castel Nuovo, историскиот центар на Неапол,легендарната Spaccanapoli променада, плоштадот del Plebicito, галеријата Умберто, via Toledo, со елегантните плоштади и познатите продавници за сладолед и пица, безброј дизајнерски бутици, занаетчиски продавници, како и елегантни кафетерии, каде што служат традиционално неаполско кафе. ...Неапол можеби не е визуелно спектакуларен како Рим, но нуди автентично локално доживување, како ниту едно друго место во Италија. Градот е полн со шарм и нуди големо богатство на старогрчки и антички скулптури, мозаици и фрески, импресивни дредновековни замоци, луксузни вили, како и галерии на модерна и современа уметност. Италијанците велат – Рим е срцето на Италија, но Неапол е душата.... Слободно време за ужување – 4 часа и секако вкусување на надалеку познатата пица наполетана – познат специјалитет Уште од 1535 година.
Попладне патот го продолжуваме до вечниот град Рим ( 213 км). Пристигнување во Рим во доцните поладневни часови.
Сместување во хотел со 4 * во Рим. Ноќни прошетки низ вечниот град. Време за вкусување на италијанските специјалитети, звуците на италијанската музика. Ноќевање.
25 октомври 2024 - Тиволи - Рим ( 35 km ) – полудневен излет
Појадок . Во договорено време ФАКУЛТАТИВНО посета на Тиволи, со локален водич – мало средновековно градче, поранешна резиденција на старите римски аристократски семејства и императори, родно место на многу уметници и музичари. Ренесансен комплекс на дворец, огромен парк и безброј фонтани. Посета на Вила Д`Есте, изградена 1500 – 1572 година, од страна на синот на Лукреција Борџија. Комплексот Вила Д`Есте, познат најповеќе по своите градини и фонтани, вброен е како 8 то чудо во светот. Во ова мало градче ќе ги доживеете чудата на природата и врвните дела на човекот творец.
Во пладневните часови - ФАКУЛТАТИВНО разглед на Рим - пешачка тура со локален водич - црквата Свети Петар во окови со познатата статуата на Микеланџеловиот Мојсие , Форум Романо со Колосеумот , Piazza Venezia – величенствена палата Venezia, со гробот на незнаениот јунак и споменикот на кралот Vittorio Emanuele II. Прошетка по центарот на Рим - Виа Венето – најелегантната и најскапата улица во Рим, која ја доби својата светска слава по прикажувањето на филмот “ Dolce vita”, Шпанскиte скали – најпознатите скали во светот, центарот на Рим, зборно место за состанување, особено убаво украсено во пролет со цветни аранжмани од двете страни. Едно од најпопуларните туристички места во Рим, со прекрасен поглед на градот – местото каде во минатото живееле многу познати личности како Бајрон, Гете, Стендал, Балзак., црквата “ Santa Trinita dei Monti ”Piazza del Popolo – плоштад со грандиозен обелиск на средината и двете цркви близначки., Виа дел Корсо – најпознатата улица за шопинг , Фонтана ди Треви – најпознатата и најубавата во цела Италија, ремек дело на барокната архитектура, во чиј центар се издига богот Нептун со својата кочија во облик на школка, ,Пантеон – храмот на сите божества, Piazza Navona - најбоемското место на Рим ...
Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
26 октомври 2024 – Рим
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО – полудневна посета со локален водич на Ватикан: Држава во градот Рим, најмалата држава со најголемата црква на светот – базиликата Св. Петар. Разглед на црквата и Ватиканските музеи – еден од најголемите комплекси на музеи со познатата Сикстинската капела со уникатните фрески на Микеланџело. ( користење на јавен превоз)
По разгледот прошетка до Замокот на Ангелите – некогашен мавзолеј на римскиот цар Хадријан и преку мостот на Ангелите пристигнување до Piazza Navona позната и како уметничка четврт на Рим. Убава можност за краток одмор и уживање во вкусот на италијанското кафе..
Слободно попладне за индивидуални прошетки – “ Јас и Рим ”. Ноќевање.
27 октомври 2024 - Рим – Бари ( 430 km )
Појадок. Одјавување од хотел . Поаѓање за Бари (430км), со попатни паузи.
Пристигнување во Бари. Краток разглед на Бари - разглед на стариот град - познат историски центар, преполн со мали улички, обиколен со ѕидини, главната улица Lungomare Imperatore Augusto,преполна со продавници од најпознатите светски брендови и театарот –Teatro Margherita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese, Mercantile,познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетерии и ресторани. Секако неизбежен дел од посетата на Бари е посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век - заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти на Св. Никола.
Заминување кон пристаништето на Бари. По завршувањето на формалностите качување на траект. Поаѓање на траектот во 22 часот . Ноќно пловење .
28 октомври 2024 – Драч - Охрид
Пристигнување во Драч 08:00 часот . Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Охрид во пладневните часови.
ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА 28.500 денари
Цена за рана резервација до 31.08.2024 26.900 денари
* уплатите извршени за рана резервација не се рефундираат
Да се посети Вечниот град и дел од Јужна Италија е сон на секој вљубеник во патувањата.
Во основната цената на аранжманот е вклучено :
- Превоз со автобус туристичка категорија Охрид-Драч-Охрид
- 2 ноќевања на траект Драч-Бари- Драч – седишта / доплата за кабина
- Хотелско сместување
1 ноќевање со појадок, хотел **** во Соренто
3 ноќевања со појадок, хотел **** во Рим
- Посета и разглед на Неапол, со локален водич
- Посета и разглед на Бари
- Професионален локален водич
- 2 пратители од агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено :
- Задолжителна посета на Амалфи и Позитано – 3.400,00 мкд
- Факултативен разглед на Рим, со водич – 1.500,00 мкд
- Факултативна посета на Ватикан – 3.950,00 мкд (превоз, водич, влезници, слушалки )
- Факултативна посета на Тиволи – 3.950,00 мкд (превоз, водич, влезници )
- Патничко осигурување 300,00 денари
- На траект - Доплата за кабина со сопствено купатило ( висока туристичка категорија ) :
Драч- Бари -Драч цена по лице 1300 денари, по правец
- туристичка такса во хотелот 04 – 08 еур, по лице на ден
- доплата за организиран превоз од Скопје и Битола, зависно од бројот на пријавени.
- доплата за еднокреветна соба во хотел – 7.500,00 мкд / доплата за еднокреветна кабина на траект – 4.500,00 мкд
!!! Важно – за излетите по избор ( факултативни ) неопходно е пријавување во агенција, поради навремено обезбедување на влезниции резервации за сите посети
Основни правила
1.За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници
2.Организаторот има право да го откаже патувањето до 10 дена пред поаѓање
3.За пријава е потребно 30 % уплата или прва рата за тие што плаќаат на рати.
4.Седиштата се распределуваат исклучиво при самото пријавување,
што значи при уплатата на депозитот или првата рата
За организација на аранжманот важат општите услови за патување
ПОРАДИ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ КАКО ДОЦНЕЊЕ НА ТРАЕКТ, ОРГАНИЗАТОРОТ ИМА ПРАВО ЗА МАЛА ПРОМЕНА ВО РАСПОРЕДОТ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ.