ТОСКАНА
Фиренца – Сиена - Сан Џимињано – Пиза - Болоња
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
21.03 (петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 13.05 часот. Слетување во Болоња во 15.00 часот. ... Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век: Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело...Ноќевање.
22.03 (сабота) ФИРЕНЦА - ПИЗА
Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири... Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми.
Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.
23.03 (недела) ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА
Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија - дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
24.03 (понеделник) ФИРЕНЦА –БОЛОЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот...
Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 15.30 часот. Пристигнување во 17.15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 609 € / 37.760 мкд
попуст за ранa уплатa до 07.02: 539 € / 33.420 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ЕЛИДА ТУРС.