ЗАНЗИБАР HAKUNA MATATA
СО АВИОН ОД СКОПЈЕ
29.03-09.04.2021 – 12 дена/ 9 ноќи
Занзибар – егзотичната земја на насмевките каде ќе се опуштите и забавувате, ќе заборавите на короната и стресот. Само спакувајте ги своите купачи и летна гардероба, спремете се да танцувате и пиете коктели и да пливате во тиркизниот океан опкружен со бел песок и недопрена природа. И не заборавајте – СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ТУКА Е ДА СТЕ ПОСТОЈАНО НАСМЕАНИ!!!
Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! Заборавете на секојдневните проблеми, заборавете на се бидејки овде ве очекува РАЈОТ: Плажи со чист и ситен песок, прекрасната сина боја на Индискиот Океан, вкусна храна и коктели и секако традиционална музика која ќе ве натера да заиграте. Соблечете ги влечките и пижамите! Земете го вашиот костим за капење и апостолки, затоа што ние ќе ве однесеме во авантура! Време е! Излегуваме од дома и патуваме, најдобро знаеме што ви треба во моментов - пријателска атмосфера, добри вибрации и ладен пијалок за да Ве вратиме во игра!
1 - 2.ДЕН (29.03-30.03) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-ЗАНЗИБАР
Состанок на аеродромот во Скопје три часа пред лет (во 6ч на 29.03). Чекирање на багаж до крајна дестинација Занзибар. Полетување на авион во 08.55ч, слетување во истанбул во 11.30ч. Слободно време на аеродорм Истанбул до полетување за Занзибар во 19.45ч. Слетување во Занзибар во рани утрински часови на 30.03. По завршување на сите царински и визни формалности трансфер до хотелот и слободно време до check-in согласно политика на хотелот. Можност и за ран check-in, доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. За гарантиран ран check-in и лица кои сакаат веднаш да се сместат во соба постои можност за доплата на истата услуга согласно политика на хотелот (доплата на барање и пред тргнување од Скопје). Се освежуваме и заминуваме на плажа да го испиеме првиот ладен коктел и уживаме во окенот и сонцето!
3-10. ДЕН (31.03-07.04) ЗАНЗИБАР
Ни претстојат незаборавни денови. Покрај плажата и забавата, ќе имате можност да го запознаете островот Занзибар и неговиот начин на живот, култура, храна! Ќе имаме прилика и да уживаме во најголемите атракции во регионот благодарение на дополнителните екскурзии на островот Занзибар, кои ги избравме специјално за вас (по избор).
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ - PRISON ISLAND TOUR, STONE TOWN TOUR со посета на куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), SPICE TOUR – “THE ISLAND OF SPICES”, посета на ресторанот ROCK BAR, посета на прекрасните плажи на Занзибар (Nungwi Beach, Bwejuu Beach, Kendwa Beach, Pongwe Beach, Paje Beach …) Нè очекуваат многу изненадувања и нови емоции, кои заедно ќе ги доживееме на островот!
11-12 ДЕН (08-09.04) ЗАНЗИБАР – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и check out од хотелот согласно хотелска политика (околу 11-12ч). Можност за late check out со доплата согласно хотелска политика и цена (на барање пред поаѓање од Скопје). Слободно време да се збогуваме со неверојатната природа и пријателските луѓе во Занзибар. За жал, секоја добра работа има свој крај … Во вечерните часови пред полноќ на 08.04 трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 04.00 на 09.04. Слетување во Истанбул во 12.55. Полетување за Скопје во 19.25. Пристигнување во Скопје на 09.04 во 20.00ч (сите саатници на летови се по локално време).
…. И така до следната авантура!
* Цените се промотивни до 09.02.2021г, по овој датум сите цени се зголемуваат
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ЕЛИДА ТУРС ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ