Врњачка бања
4.0/5 rating (15 votes)

14.11.2023 (Четврток)   ОХРИД - ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03.30 часот. Поаѓање за Србија во 04.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

15.11.2023 (Петок)  ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

16.11.2023 (Сабота)  ВРЊАЧКА БАЊА – ЉУБОШТИЊА  – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Љубоштиња.  Изграден во крајот на XIV век и почетокот на XV век. Одалечен е од Врњачка Бања околу 16 километри, така што претставува одлична атракција за посета во овој дел. Интересно за овој Манастир е тоа што тука се наоѓаат моштите на кнегиња Милица, како и тука е погребана и српската средновековна поетеса Јефимија, воедно и монахиња. Овој Манастир е прв женски Манастир во Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.

17.11.2023 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ОХРИД

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Охрид во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Охрид во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот – 195 €

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел со 4* во центарот на Врњачка Бања

- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања

- Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок

- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар

- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;

- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

- Доплата за туристичка такса 5 €, вкупно за 3 ноќи  ( во агенција)

- Факултативна посета на манастирот Љубоштиња 5 € (доплата на лице место)

- Свечена вечера 30 € (доплата на лице место)

- Доплата за еднокреветна соба 60 €

Напомени:

- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.

- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби.

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.

- За ова патување важат Општите Услови за Патување објавени на веб страна на Елида Турс.

 

Калкулација правена на минимум 40 особи.

1817

Leave a comment

You are commenting as guest.