Португалија, Франција, Мароко и Шпанија
3.8/5 rating (12 votes)

Ден 1

Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:45 часот, од каде продолжуваме со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).

Ден 2

Лисабон Чекирање на брод 12:00–16:00

Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од 12:00 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.

Ден 3

Лисабон Испловување во 18:00

Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон. Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00 часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.

Ден 4

 Танжер, Мароко Пристигнување 13:30 · Испловување 19:30

Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.

Ден 5

Ден на море Пловење кон Шпанија

Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.

Ден 6

Валенсија, Шпанија Пристигнување 08:00 · Испловување 18:00

Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.

Ден 7

Палма де Мајорка Пристигнување 08:00 · Испловување 17:00

Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.

Ден 8

Сет, Франција Пристигнување 10:30 · Испловување 19:00

Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.

Ден 9

Тарагона (Барселона) — Скопје Пристигнување 09:30 · Лет во 16:15

Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.

 

Вклучено

Не е вклучено

4020

Leave a comment

You are commenting as guest.