ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ КАРИПСКО МОРЕ И МАЈАМИ
5.0/5 rating (2 votes)

1 ден (11/12.03.2025) Скопје – Истанбул –Мајами

Состанок на патниците на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:40 (лет ТК 1006). Добивате оброк во авионот. Слетување во Истанбул во 00:15. Полетување за Мајами во 02:10 (лет ТК 157). Добивате оброци во авионот. Слетување во Мајами во 08:05 часот. По завршувањето на пасошките формалности, организиран трансфер до хотелот во Мајами. Сместување во хотелот, ноќевање.

2 - 3 ден (12-13.03.2025) МАЈАМИ

Мајами е пристанишен град во југоисточниот дел на државата Флорида, САД на брегот на Атлантскиот океан. Мајами го има најголемото пристаниште во светот. Во центарот на Мајами има најголема концентрација на меѓународни банки во САД. Градот е исто така еден од главните земјоделски региони, за производство на домати, авокадо, манго и грав. Мајами Бич е дом на најголемата колекција на Арт Деко архитектура во светот. Мајами има повеќе од 800 паркови и е единствениот град на САД, опкружен со дванационални парка: Национален парк “Biscayne” и Националниот парк “Everglades”. Тоj е најдобро познат по своите прекрасни бели песочни плажи. Иако само еднаш паметат снег во овие краишта според метеоролошката историја, Мајами има еден од најголемите скијачки клубови. Мајами Бич е еден од ретките вештачки острови во САД. Тоj некогаш бил празен простор со кокосови насади. Години наназад, повеќето луѓе никогаш не би претпоставиле дека тоа ќе биде популарна туристичка дестинација каква што е денес. Музејот “Vizcaya museum and gardens” секоја година.го посетуваат повеќе од 170 000 посетители. Тој е поранешна вила и имот на на бизнисменот James Deering, изградена во медитерански стил со барокни елементи. Градината има исклучителна колекција на орхидеи,а музејот поседува многу антиквитети. Мајами има тропска монсунска клима со топли и влажни лета и кратки и топли зими. Слободни денови за индивидуални активности.

4 ден (14.03.2025) МАЈАМИ – КРСТАРЕЊЕ

Одјавување од хотелот во претпладневните часови. Трансфер до пристаништето во Мајами. Почнување на процедурата за чекирање на бродот. Почеток на крстарењето.

5 ден (15.03.2025) ПЛОВИДБА

Слободен ден за уживање во содржините на бродот.

6 ден (16.03.2025) ОЧО РИОС, ЈАМАЈКА

Ocho Rios е град во најголената парохија во земјата, Санта Ана, на северниот брег на Јамајка. Во близина на градот, патниците можат да го посетат паркот на Колумбо, каде што наводно Колумбо првпат стапнал на ова тло. Тука може да се видат поморски артефакти како и шпански колонијални градби. Ocho Rios е познат по својата тропска клима, со влажна сезона од мај до ноември, и сувата сезона, која е од декември до април. Оcho Rios e познат по тоа што може да се најде широк спектар на накит и скапоцени камења. Најпопуларната туристичка атракција на Ocho Rios се “Dunn’s River” водопадите. 600-метарскиот водопад им овозможува на посетителите да пливаат под водопадот, да се релаксираат во чистата вода и да се качат на “водените скали” кои се наоѓаат од страната на водопадите. Родното место и гробот на Боб Марли кој се наоѓа во ридовите над Ocho Rios се исто така отворени и достапни за посета. Предлагаме тура, разглед на градот и околината и релаксација со посета на најпознатата плажа.

7 ден (17.03.2025) ПЛОВИДБА

Слободен ден за уживање во содржините на бродот.

8 ден (18.03.2025) Oranjestad, АРУБА

Аруба е остров на јужниот дел на Карипското море. Таа е една од четирите уставни држави ка Кралството Холандија. Орањесад е главниот град кој е сместен на северозападниот брег на остовот. Градот настанал околу тврдината Заутман накратко по нејзината изградба во 1796 година. Името го добива по првиот крат на Холандија, Вилем I, кој бил од династијата Орање. Меѓу поважните знаменитости на градот покрај тврдината Заутман се и безцаринското пристаниште и кулата ‘’Вилем III’’во негова близина. Градот има и осум музеи. Некои од зградите во центарот се изградени во холандски колонијален стил. Градот има разни продавници од кои најпосетени се оние од трговскиот центар на отворено ‘’Ројал плаза’’. Богат избор на производи има и долж булеварот ‘’ Лојд Г. Смит’’ кој е поблиску до пристаништето. Недалеку од брегот и во близина на Орањестад се наоѓа Ренесансниот остров кој е на гребен и е во приватна сопственост на кој се наоѓаат единствените приватни плажи на Аруба, наречени Игуана и Фламинго. Ова е интерсно место за нуркање. На островот има и птици фламинго кои се донесени на островот од странство. Климата на Аруба е многу погодна за туризам бидејќи таа е посува во однос на околните острови, што овозможува повеќе сончеви денови (само 500 милиметри годишно паднат дожд). Температура е од 27 до 29,6 степени С. Предлагаме тура, разглед и капење.

9 ден (19.03.2025) ВИЛЕМСТАД, КУРАСАУ

Вилемстед е главниот град на Курасау, уште една од уставните држави на Кралството Холандија, која се наоѓа во јужниот дел на Карипското море. Курасау е карибски лидер во туризмот со крузерите. Од патниците на крузерите добиени се одлични оценки како за градот Вилемстад, опишувајќи го како ‘‘неверојатен‘‘, така и за храната и шопингот опишувајќи ги како ‘‘ одлични‘‘. Самиот центар на Вилемстед е со уникатна архитектура и заедно со влезот на пристаништето се под заштита на UNESCO. Градбите во центарот на градит се во колонијален стил. Градската разнобојна улична уметност е посебна атракција, а во Blue Bay Sculpture Garden, лоциран во блискиот ресорт, изложени се дела од познати уметници од Курасоу. Во градот има и други уметнички музеи и галерии. Во Вилемстад се наоѓа најстарата синагога во Америка. Островот има тропска клима, со многу малку дождливи денови. Годишно во просек има до 450 милиметри паднат дожд. Температурата се движи од 26,6 до 31,4 степени С преку целата година. За нуркачите е вистинско доживување нуркајнето крај коралниот гребен. Предлагаме тура, откријте го Курасау.

10 ден (20.03.2025) ПЛОВИДБА

Слободен ден за уживање во содржините на бродот.

11 ден (21.03.2025) ПУЕРТО ПЛАТА, ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

Доминиканската република се наоѓа на островот Хиспаниола, во архипелагот Големи Антили во Карипското море. Островот Хиспаниола го дели со државата Хаити. Главен град на Доминиканската Република е Санто Доминго. Пуерто Плата или Сан Филипе де Пуерто Плата, главниот град на провинцијата Пуерто Плата, е крајбрежен град на северниот дел на острово познат по своитеплажи и голф терени. На влезот во пристаништето на испакнатиот ‘рт се наоѓа тврдината Fortaleza San Filipe од 16-тиот век. Од тврдината има поглед на отворено море, во која денес се сместени бројни историски и воени артефакти. Центарот на градот е од старата колонијална ера. Во градот доминира викторијански стил комбинирано со други стилови, под влијание на имигранти од Канарските острови како и мигранти од Европа. Посовремените градби се со модерна архитектура. Атракцијата која постои од 2004 е паркот Ocean World, лоциран на плажата Cofresi, Кој е најголем дом за делфини направен од човекот. Паркот има многу соджини и нуди авантури, како и интеракција на посетителите со делфините, морските лавови и ајкулите. Климата на островот е тропска со дождливи периоди. Најдождлив период е во мај. Предлагаме тура, разглед на градот Пуерто Плата комбинирано со посета на плажа и вклучен ручек.

12 ден (22.03.2025) ПЛОВИДБА

Слободен ден за уживање во содржините на бродот.

13 ден (23.03.2025) OCEAN CAY, БАХАМИ (OCEAN CAY MSC MARINE RESORT (BAHAMAS))

Ден за уживање во убавините и содржините на приватниот остров на компанијата со која пловиме MSC Cruises. Островот е дел од Бахамските острови.

14 ден (24.03.2025) МАЈАМИ - ИСТАНБУЛ

Завршување на крстарењето, излегување од бродот. Посета на Dolphin mall Outlet до времето предвидено за трансфер до аеродромот. Полетување од Мајами во 23:35 часот. Слетување во Истанбул на 25.03.2025 во 17:55 часот.

15 ден (25.03.2025) ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Полетување за Скопје во 19:00 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 19:30 часот по локално време.

Цената вклучува:

Цената не вклучува:

Важни напомени за крстарењето:

Факултативни излети:

ОЧО РИОС

Разглед и релаксација на плажа 60 ЕУР - Турата е со времетраење од 6 часа. Разглед на центарот на Ocho Rios, областите St. Ann и S.t Mary разделени со реката Montego bay, тропската дождовна шума Fern Gully, брдото Breadnut Hill познато како брдо на зачини, видиковецот Ocean On The Ridge, одмор и релаксација на плажата Doctor’s cave beach.

ОРАЊЕСТАД

Разглед и капење 75 ЕУР – Турата е со времетраење од 4.30 часа. Разглед на градот со автобус, Clifornia Lighthouse, Baby Natural Bridge, Casibari Rock Formation, посета на плажа 1 час, време за пазарување на враќање кон бродот.

ВИЛЕМСТЕД

Открујте го Курасау 65 ЕУР – Турата е со времетраење од 3.30 часа. Hato Caves, историскиот округ Otrobanda, музејот Curasao, фабриката за познатиот ликер Curasao -Chobolobo Mansion, областа Punda

ПУЕРТО ПЛАТА

Разглед на градот, плажа, ручек 75 ЕУР – Турата е со времетраење од 5 часа. Историскиот центар на Puerto Plata – центар прогласен за светско наследство од UNESCO. Plaza Independencia, Playa Dorada, плажата Blue Jack Tar. Ручек

 

553

Leave a comment

You are commenting as guest.