Интерхотел Сандански 4* - Сандански
4.0/5 rating (5 votes)

Интерхотел Сандански 4* -  Сандански

Цена по соба на ден од  02.02.2024

Цените се по соба на ден, изразени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.


Легенда:
DBL– двокреветна соба, APP– апартман,STD– студио,SGL – еднокреветна соба,
НП– ноќевање со појадок, ПП – полупансион ( појадок+вечера)

Во цената Е вклучено:

 

Во цената НЕ Е вклучено:

 Горенаведени цени не важатза период на државни и официјални празници: 

 

Минимално и максимално сместување во капацитети на ИНТЕР ХОТЕЛ САНДАНСКИ :


СМЕСТУВАЊЕ:
Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија.
Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност.
Големината еднокреветни и двокреветни соби 25м2.

Во собите:
кабловска телевизија,безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата),бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
Максимален капацитет:2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99

DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со брачен кревет (без прозор), физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (4 студиоа вкупно).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год


STD – студио стандард
Спална со брачен кревет, физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (1-4 кат).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год


APP – апартман лукс
Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна cо кауч на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила (5-7 кат)
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

Политика за деца:
Дете под 3,99 години се сместува – бесплатно.
Дете на возраст од 4 – 11,99 год. користи попуст.
Лице кое има навршени 12 год. во времето на пријавување,се смета како возрасна особа.
Возрасен или дете на дополнително легло користи попуст.
Дете од 4-11.99 год. на редовно легло користи попуст.

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:
Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.

Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.

Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

 

3815

Leave a comment

You are commenting as guest.