31.12.2025 Поаѓање за Белград пред агенција во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Слободно време за прошетка и предновогодишно уживање по пешачката улица Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Вечерта дочек на Новата 2026 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди…. Ноќевање.
01.01.2026 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Факултативно свечена вечера со музика во ресторан. Ноќевање.
02.01.2026 Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Во цената се вклучени следните услуги:
Во цената не се вклучени следните услуги: