ПОСЕТА НА СКАДАР И КРУЈА
(едно нoќевање)
1 ДЕН(16.05.2026): ОХРИД – ЕЛБАСАН – КРУЈА – СКАДАР
Поаѓање од Охрид од договорено место. Патот води преку Струга и граничен премин Ќафасан. Во Елбасан кратка пауза за кафе.
Во попладневните часови патот продолжува за СКАДАР – еден од најстарите и најзначајни градови во Албанија,богат со историско и културно наследство.Според едни,денешниот назив на градот Shkodra (Шкодра),споменуван и во верзиите Scutari или Skutari доаѓа од латинскиот збор scutarii што во буквален превод значи-заштитници,а тоа се однесува на римската легија која ја основал Царот Константин Велики.Додека пак,според други,денешниот назив Shkodra потекнува од Shkodrin (shko-оди;drin-Дрим)објаснувајќи го со тоа фактот што низ Скадар тече т.е.оди реката Дрим.Сместување во хотел.Можност за организирана факултативна вечера со локални специјалитети.Ноќевање.
2 ДЕН(17.05.2026) СКАДАР– ДРАЧ – ОХРИД
Појадок. Потоа одиме со разглед на Скадар-Замокот Розафа,кој може да се пофали со запрепастувачки погледи на околниот пејзаж и приказната за неговото легендарно потекло.Посета на националниот музеј на фотографија Маруби кој нуди фасцинантен поглед во албанското минато,додека пешачките улици во центарот на градот се совршени за истражување на кафулиња и продавници.Слободно време за индивидуални активности.
Потоа се заминува за Драч-најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето,што го прави најзначаен град во Албанија чии зачетоци се уште од антиката.Уживање во медитеранската клима на градот,прошетка и разглед на центарот и време за слободни активности и ручек.Патот продолжува за Охрид каде што завршува патувањето.Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4490 мкд.
Вклучено во цената:
Не е вклучено во цената:
Индивидуални трошоци,