Хотел ,,Филипион,, - Лутраки
4.0/5 rating (2 votes)

Хотел ,,Филипион,, - Лутраки

 

Lutraki – hotel Philippion

www.hotel-philippion.gr

 

Лутраки мало туристичко место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130 км од граничниот премини Богородица/Меџитлија. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

 

Сместување:

 

Хотел Philippion се наоѓа во прекрасното место Лутраки во близина на Аридеа.
Има 18 соби, опремени во модерен стил, некои од собите се со камин и џакузи, лоби, мал ресторан (се служи само појадок).
Хотелот е на околу 3 км од бањите…

 

Специјалитет на местото печено ЈАРЕ…….

Цени на ден за СОБА за 1 ноќевања во €,

 

Плаќање во денари 1€ = 62.00 мкд

Соби со камин и џакузи од 20/10/2017 до 30/04/2018 доплата на ден за соба 15 €.

Горенаведените цени се со вклучен појадок.

Check in : 02:00 PM
Check out : 10:00 AM

4262

Leave a comment

You are commenting as guest.