БЕЛГРАД – НОВИ САД
1 ден 30.12.2025 Состанок на групата во 22:00 часот и поаѓање за Србија преку г.п. Табановце со
попатни паузи и царински формалности.
2 ден 31.12.2025 Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Средба со локален водич
и панорамски разглед на градот и пешачка тура: црква „Свети Сава“, тврдина Калемегдан,
главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Слободно време во центарот на Белград. Сместување
во хотел. Ноќевање.
3 ден 01.01.2026 Појадок. Во утринските часови тргнување за Нови Сад. Средба со локален водич,
разглед на градот: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, „Дунавската улица“ –
пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Враќање
во Белград. Дочек на Нова година на еден од градските плоштади во Белград. Ноќевање.
4 ден 02.01.2026 Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Факултативно крстарење со брод
по Сава и Дунав. Посета на трговскиот центар „Галерија“. Тргнување за Македонија во
попладневните часови.
ЦЕНА: 169 евра
Во цената е вклучено:
- 2 ноќевања со доручек во Белград ( хотелско сместување )
- превоз на дадената релација – организација и водство на групата
- Разглед на Белград со локален водич
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 4 евра за целиот престој
- Факултативна посета на Нови Сад 35 евра
- факултативно крстарење по Сава и Дунав 25 евра
- здравствено патничко осигурување
- трансфер од Охрид 15 евра
НАПОМЕНИ:
Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата
половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за
доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.