Сараево-Јахорина-Мостар
4.0/5 rating 1 vote

НОВА 2026 год. во САРАЕВО

Јахорина – МОСТАР Вишеград – Мокра Гора

 

30.12.25 Поаѓање за Сараево во 18:30, се пaтува преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.

31.12.25 Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, Инат куќа, мостовите на реката Миљацка пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија,Катедралата.. Не пропуштајте да го вкусите Саревскиот бурек на  Башчаршија.Сместување во  хотел. Вечерта дочек на новата 2025 год. на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе настапува Јелена Розга.Ноќевање.

01.01.26 Појадок. Факултативен излет до Мостар,со попатна посета на срушениот- Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар- град со многу мостови , сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак, саат кулата.Враќање во Сараево. Факултативно свечена вечера со музика. Ноќевање.

02.01.26 Појадок. Факултативен полудневен излет до Скијачкиот центар Јахорина. Враќање во Сараево.Слободно попладне и вечер во Сараево,каде ќе можете да ги вкусите специјалитетите:“ќебапи во лепиња”,“телетина испод саче”,десертот “туфахија”.Ноќевање.

03.01.26 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.

04.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

 

  ПРОМО ЦЕНА до 01.12.25=  9900 ден. Редовна цена=10900д.

 

Во цената се пресметани следните услуги:

Во цената не е пресметано:

Краен рок на пријавување до 22.12.2025 година.

24

Leave a comment

You are commenting as guest.