Дубровник-Котор-Будва-Тиват од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

НОВА 2026 година
ДУБРОВНИКБУДВАКОТОР-ТИВАТ

30.12.2025 Поаѓање пред агенција во 23.00 ч. со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
31.12.2025 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Попатно се поминува покрај брегот на Јадранското море: Улцињ, Бар, Суто Море, Бечичи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва. Прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти… Сместување во соби со засебно твц, студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва . Вечерта дочек на Новата 2026г. на плоштад во Будва каде е најавено да настапуваат повеќе музички групи, и  музичките звезди: Емина Јаховиќ и Ацо Пејовиќ.Ноќевање.

01.01.26Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Котор или Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата…. Враќање во Будва. Вечерта на плоштадот во Будва ќе настапат групата Перпер и легендарната рок група Бело Дугме со Горан Бреговиќ.Ноќевање.

02.01.26 год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва.Факултативен излет до прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат: Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св. Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Потоа посета на ТИВАТ– монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси.Попладнето поаѓање за Македонија , пристигнување во Прилеп во доцните вечерни (ноќни) часови.        

 

ПРОМО ЦЕНА до 01.12.2025=6200ден. Редовна цена 6900 ден.

 

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

27

Leave a comment

You are commenting as guest.