Дубровник-Млини-Цавтат
4.0/5 rating 1 vote

Нова 2026 г. во

ДУБРОВНИК -МЛИНИ – ЦАВТАТ

МЛИНИ е туристичко место кое е во изобилие на мирисни паркови,чисто море,убави плажи, а близината од 5 км до Дубровник и до Цавтат – го прават Млини бисер на Дубровничкото крајбрежје и атрактивно место за одмор. Сребрено и Купари се поврзани со Млини, па сите заедно претставуваат еден од најдобрите туристички комплекси на Дубровничката ривиера.

1 ден. 30.12.2025 Поаѓање од пред агенција Бран во 21.00 ч.-со туристички автобус,преку Тирана,Драч,Будва,Тиват-Камењари со траект или на Котор.

2 ден. 31.12.2025 Приестигнување во Млини во утринските часови, сместување во соби

1-ва категорија,студија и апартмани-околу 13.00ч.Попладнето , излет до Дубровник, со јавен автобуски превоз,прошетка во стариот дел на градот, при што ќе се видат: Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, црквата св.Влах, Катедралата, Гундуличевата пољана…. Уживање во Божиќното расположение за дочек на Новата 2026г. на плоштадот  во Дубровник , каде ќе настапи легендарниот музички маѓионичар ДИНО МЕРЛИН. По полнок враќање во Млини. Ноќевање.

3 ден 01.01.2026 Слободно време за прошетка во стариот дел на Млини-по шеталиштето, каде ќе се ужива во прекрасните паркови,градини,вили,викендици.Од културните знаменитости ќе се видат :црквите св.Рока и св.Дух,ќе се видат остатоците од старите Млинови на реката Завреље…Тоа е прекрасна можност за уживање покрај брегот на Јадранското море. Вечерта можност за повторна посета на Дубровник каде ќе настапува музичката Хрватска звезда Петар Грашо.По полноќ враќање во Млини.Ноќевање.

4 ден. 02.01.2026 Слободно време за добар шопинг во SUB CITY MALL &SUPERMARKET во Млини.Околу 12.00ч. поаѓање за Македонија, со попатна посета на Цавтат,каде можете да уживате во прекрасни палати и резиденции на поморци и бигаташи, кафе барови, јахти и бродови…Продолжување за Македонија преку Црна Гора и  Албанија, со попатни паузи.

5 ден. 03.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

Промо Цена: 7600 ден.за резервации до 01.12.2025.(бројот е ограничен)

 Редовна цена = 8600 ден.

 Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.

23

Leave a comment

You are commenting as guest.