Букурешт
4.0/5 rating 1 vote

Нова 2026 во БУКУРЕШТ
ДРАКУЛА ТУРА
(Трансилванија – Романија)

 

30.12.25 Поаѓање пред агенција Бран во 19:00 часот со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

31.12.25  Пристигнување во Букурешт во утринските  часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел.Дочек на Новата 2026 год. на плоштад со новогодишна музичка програма.Ноќевање.

01.01.26 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште  во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување  и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Вечерта враќање во Букурешт. Ноќевање.

02.01.26 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на Т.Ш.Ц. Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри –Терме (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 греани базени. Попладнето поаѓање за  Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

03.01.26  Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                     

 

Промо ЦЕНА до 01.12.2025г. 7900 ден., редовна цена 8900 ден.

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.

Напомена: Краен рок за пријавување до 22.12.2025година.

30

Leave a comment

You are commenting as guest.