30.12.25 Поаѓање во 20.00 часот од Прилеп, преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.
31.12.25 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2026 на плоштад каде секоја година има богата музичка програма, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни и игри.Ноќевање.
01.01.26 Појадок.Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот-со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада-најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. Факултативна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.
02.01.26 Појадок. Факултативен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал-атракција која го одзема здивот, Епидаурус-најакустичниот амфитеатар од Античка Грција, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина, па се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 03.01.2026
Во цената е вклученo:
Во цената не е вклученo: