29.03.2025 (Сабота) ОХРИД - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03.30 часот. Поаѓање за Србија во 04.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Организирана вечера во ресторан - факултативно. Ноќевање.
30.03.2025 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЉУБОШТИЊА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Љубоштиња. Изграден во крајот на XIV век и почетокот на XV век. Одалечен е од Врњачка Бања околу 16 километри, така што претставува одлична атракција за посета во овој дел. Интересно за овој Манастир е тоа што тука се наоѓаат моштите на кнегиња Милица, како и тука е погребана и српската средновековна поетеса Јефимија, воедно и монахиња. Овој Манастир е прв женски Манастир во Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
31.03.2025 (Понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – ОХРИД
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Охрид во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Охрид во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 8490 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел со 4* во центарот на Врњачка Бања
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- Доплата за туристичка такса 3 €, вкупно за 2 ноќи ( во агенција)
- Факултативна посета на манастирот Љубоштиња 10 € (доплата на лице место)
- Свечена вечера 30 € (доплата на лице место)
- Доплата за еднокреветна соба 50 €
Напомени:
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување објавени на веб страна на Елида Турс.
Калкулација правена на минимум 40 особи.