СИЦИЛИЈА е најголемиот остров во Средоземното Море и еден од 20-те региони на Италија. Тој е еден од петте италијански автономни региони и официјално се нарекува Регион Сицилијана и нејзин главен град е Палермо. Сицилија е во центарот на Средоземно Море, јужно од италијанскиот полуостров во континентална Европа, од кој е одвоена со тесниот теснец Месина. Нејзиното најистакнато обележје е Етна, еден од највисоките активни вулкани во Европа и светот, моментално висок 3.357 m. Островот има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто...
Од 1860 година, Сицилија е официјален дел од Италија. Прво, островот беше споен со Кралството Сардинија, а подоцна Кралството Сардинија се спои со Кралството Италија. Од 1946 година, Сицилија е автономен остров во рамките на Италија.
1.ДЕН (23.07.2027 – петок) : БИТОЛА – ИГУМЕНИЦА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 14.30 часот...поаѓање за Грција во 15.00 часот. Пристигнување во Игуменица околу 20.00 часот. По краткиот одмор и чекирањето на билетите – трансфер на фери брод околу 21.00 часот. Испловување за Италија во 00.00 часот. Ноќевање.
2.ДЕН (24.07.2027 – сабота) : БРИНДИЗИ – МЕСИНА – САН АЛЕСИО Пристигнување во Бриндизи околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Вила Сан Џовани – Реџо Калабрија од каде со траект преминуваме на Сицилија...пристигнување во Месина во попладневните часови...се упатуваме на југ – до познатото туристичко место Сан Алесио Сикуло, каде се сместуваме во хотел...Ноќевање.
3.ДЕН – 8.ДЕН (СИЦИЛИЈА) : Уживајте овие денови во кристално чистите води на Јонското море, Сицилијанската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на MAGNA GRECIA!!!
Припремиме богата факултативна програма која не смеете да ја пропуштите...
9.ДЕН (31.07.2027 – сабота) САН АЛЕСИО – МЕСИНА – БРИНДИЗИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бриндизи...патот води преку Месина, вила Сан Џовани, Таранто...пристигнување во Бриндизи во касните попладневни часови, со кратки попатни паузи. Трансфер на траект. Испловување за Грција во 23.00 часот. Ноќевање.
10.ДЕН (01.08.2027 – недела) ИГУМЕНИЦА – БИТОЛА Пристигнување во Игуменица околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Македонија...пристигнување во Битола во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 40.860,00 (659 €) (First minute цена) – за уплати до 20.04.2027 !!!
Редовна цена : 699 € (43.340,00)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Превоз со минибус на горенаведената релација;
- бродски (ferry) превоз Игуменица – Бриндизи – Игуменица (билет за “deck” - седишта);
- бродски превоз Вила Сан Џовани – Месина – Вила Сан Џовани;
- 7 НП во хотел со 3* (на сама плажа !) во (Сан Алесио Сикуло или Санта Тереза Ди Рива);
- организација, водство и реализација на аранжманот;
ДОПЛАТИ :
- ДОПЛАТА (FERRY – брод) за двокреветна кабина – 55 € по лице во правец, доплата за трикреветна кабина - 35 € по лице во правец, доплата за четирикреветна кабина – 30 € по лице во правец);
- ДОПЛАТА за 1/1 соба : 10.850,00 ден. (175 €);
- Деца 2 – 12 год. Плаќаат 75% од цената за возрасен, во 1/3 соба, во придружба на 2 возрасни лица;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- Факултативните излети и посети;
- влезниците при посета на културно-историските споменици;
- патничкото осигурување – 540,00 ден. по лице;
ВАЖНО : Потребен број на патници за изведување на факултативата е 15.
ОПИС на ФАКУЛТАТИВАТА :
1.ЦЕФАЛУ - ПАЛЕРМО ЦЕФАЛУ е една од главните туристички атракции на Сицилија. Тоа е шармантно мало градче на северниот брег на Сицилија, околу 70 километри источно од Палермо. Има средновековен карактер, а недовршената норманска катедрала, започната од Роџер II во 1131 година, е импресивна и внатре и надвор. Карпата наречена Rocca di Cefalù формира драматична позадина на катедралата и стариот град, додека искачувањето на карпата е многу предизвикувачко...името Цефалу е изведено од грчкиот „Кефалоидион“ потекнува од обликот на карпата налик на глава што се издига над градот. Цефалу е основан на крајот на 5 или почетокот на 4 век п.н.е. На почетокот тоа веројатно било само тврдина на Химерејците. Оваа област можеби првпат била населена со бегалци по уништувањето на Химера. Неговото име првпат се појавува во историјата во времето на картагинската експедиција под Хамилкар, 396 п.н.е., кога тој генерал склучил договор со Химерејците и жителите на Кефалоедиум. Агатокли од Сиракуза го освоил Цефалу во 307 п.н.е., а Арапите го заземаат градот во 857 година. Во 1063 година Норманите ги поразиле Арапите и подоцна го обновиле градот. Цефалу, е познат по својата живописна убавина. Градот може да се пофали со прекрасна плажа, која служеше како волшебна позадина за сцените на плажата во втората сезона на серијата „Белиот лотос“ што придонесува зајдисонцата во Цефалу да бидат навистина спектакуларни. Патувањето продолжува кон ПАЛЕРМО...Откријте ги историските споменици на Палермо и научете ја фасцинантната историја на градот, од неговото раѓање под Феникијците преку Римската Република и Византиската империја до денес, талкајте по кривулестите улици на Политеама за да ги видите легендарните градби како што се Teatro Politeama и Teatro Massimo, една од најголемите театарски и оперски куќи во Европа. Дознајте за арапско-норманската ера и религиозните обреди на места како што е Capela Palatina (Палатинска капела) од 12.век во Palazzo Reale, воодушевувајте се на прекрасната фасада на катедралата во Палермо, која се карактеризира со различни архитектонски стилови, од готската до раната ренесанса и барокот. Дознајте повеќе за скриените богатства на историскиот центар и слушнете неверојатни приказни кои ве водат на патување низ времето...посета на Porta Felice (XVI век), Fontana Pretoria (XVI век), Quatro Canti (XVI век), piazza Belinni, црквата Santa Maria – Мраморна (XII век), Teatro Massimo (XIX век), Palazzo dei Normanni, Catedrale di Palermo...слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во хотел во раните вечерни часови. ЦЕНА по ЛИЦЕ : 55 €
2. НОТО – СИРАКУЗА Овој факултативен полудневен излет ќе Ве воодушеви...НОТО – гратче кое го дава името на на целата област “Долината на Ното“, заштитена од UNESCO, позната по типичниот Сицилијански барок. Градот е наречен уште и “Камена Градина“, израден по земјотресот од 1693.година, познат е по сценските скали и плоштади кои претставуваат тераси на различни нивоа пред многубројните цркви и палати изработени од локален камен со златна боја...градот низ Кралската порта не пренесува во минатото на барокот...прошетка покрај црквата San Francesco и Бенедиктинскиот манастир на плоштадот на Безгрешна Богородица, а преку главната улица Vittorio Emanuelle стигнуваме црквата Св.Спас и плоштадот помеѓу палатата Duccecio и катедралата San Nicola…продолжуваме кон палатата Nicolaci за да се восхитуваме на познатите барокни балкони, за на крај да завршиме со третиот плоштад 26.Мај со фонтаната на Херкулес и градините на црквата Sanто Domеnicо и театарот на Ното...авантурата продолжува кон родното место на Архимед - СИРАКУЗА – еден од најважните градови на Античките Грци...прошетка низ историскиот дел на градот – островчето Ortigia…слатководниот извор на нимфата Arethusa, Градската Палата, храмот на Аполон, катедралата DUOMO (посветен на раѓањето на Света Марија) – изграден врз темелите на храмот кој во Античко време бил посветен на богињата Атина...слободно време за индивидуален разглед на стариот град...враќање во хотел во касните попладневни часови...ЦЕНА по ЛИЦЕ : 40 €
3.КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА Откријте ја природната убавина на Катанија на оваа пешачка тура...обиколка на замокот Ursino, прошетка по плоштадите, откривајки ги познатите места...Прошетајте низ центарот на градот со вашиот локален водич кој ќе ве фасцинира со историјата на истиот. Погледнете ги спомениците изградени пред неколку векови кои стојат до ден-денес. Многу од структурите на кои ќе бидете сведоци датираат од грчката колонизација на градот во 8 век п.н.е. Уживајте во оваа тура и видете ги следните знаменитости : плоштадот Duomo, црквата Santa Agata, Pecheria, Castello Ursino, плоштадот San Francesko, Театaрот Greco, плоштадот Dante, Via Gesuiti, scalinata Alesi, плоштадот Universita, плоштадот Vincenco Bellini, плоштадот San Placido…слободно време за индивидуален разглед на градот...продолжуваме кон единствениот жив вулкан во Европа – Етна (3.580 м.)...восхитувајте се на убавината и чудото на највисокиот активен вулкан во Европа, на 1980 м.н.в. На крајот од овој излет – се упатуваме кон бајковитиот, монденски, неверојатно романтичен град – ТАОРМИНА, град кој е неизбежен на картата на светскиот џет-сет при нивната посета на Сицилија...прошетка низ главната улица, ограничена со Porta Messina на исток и Porta Catania на запад, воодушевувајќи се на црквата San Giuseppe, Villa Communale, катедралата San Nicola, palazzo Corvaia, мноштвото бутици и продавници со „фирмирана“ роба, кафе-баровите и рестораните – надвиснати над камените тераси со неверојатен поглед кон Јонското море...враќање во хотел во вечерните часови. ЦЕНА по ЛИЦЕ : 40 €
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и НАТА