Куќа “Soula”
40.400484, 23.878998
BLACK FRIDAY
30 % попуст (за резервации во период 24.11.2025-02.12.2025)
за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 10.01.2026 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 60-70 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен голем уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Апартманите се реновирани и располагаат со големи фрижидери и големи електрични шпорети со рерна, а студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со решо и сите потребни елементи. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш. Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат.
Апартман број 1 (1/4+2) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е голема и комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса и истата е опремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса во дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 3 (1/2) – прв кат. Потесно студио кое располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) – прв кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет (поставени во должина еден по друг) и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2) – високо приземје. Студиото е одвоено со сопствен влез и располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено заградено дворче кое располага со маса и столови.
1. Вонсезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2 студио |
1/2 студио |
1/4+1 апартман |
1/4+2 апартман |
| бр. 3 и 5 |
бр. 4 и 6 |
бр. 2 |
бр. 1 |
| задолжително плаќаат 2 лица |
задолжително плаќаат 2 лица |
задолжително плаќаат 3 лица |
задолжително плаќаат 3 лица |
| 24/05- 31/05 |
7 |
99 |
109 |
99 |
109 |
| 31/05-07/06 |
7 |
119 |
139 |
119 |
129 |
| 07/06-14/06 |
7 |
149 |
169 |
149 |
159 |
| 14/06-21/06 |
7 |
189 |
209 |
179 |
189 |
| 21/06-28/06 |
7 |
199 |
219 |
189 |
199 |
* цена по лице со вклучен превоз
2. Сезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2 студио |
1/2 студио |
1/4+1 апартман |
1/4+2 апартман |
| бр. 3 и 5 |
бр. 4 и 6 |
бр. 2 |
бр. 1 |
| 28/06-05/07 |
7 |
419 |
449 |
679 |
719 |
| 05/07-12/07 |
7 |
439 |
479 |
709 |
749 |
| 12/07-19/07 |
7 |
459 |
499 |
749 |
799 |
| 19/07-26/07 |
7 |
459 |
499 |
749 |
799 |
| 26/07-02/08 |
7 |
499 |
549 |
789 |
839 |
| 02/08-09/08 |
7 |
499 |
549 |
789 |
839 |
| 09/08-16/08 |
7 |
499 |
549 |
789 |
839 |
| 16/08-23/08 |
7 |
459 |
499 |
749 |
799 |
| 23/08-30/08 |
7 |
459 |
499 |
749 |
799 |
* цена за наем на апартман или студио
3. Вонсезонски цени
| Термин |
Ноќевања |
1/2 студио |
1/2 студио |
1/4+1 апартман |
1/4+2 апартман |
| бр. 3 и 5 |
бр. 4 и 6 |
бр. 2 |
бр. 1 |
| задолжително плаќаат 2 лица |
задолжително плаќаат 2 лица |
задолжително плаќаат 3 лица |
задолжителнo плаќаат 3 лица |
| |
|
|
|
| 30/08-06/09 |
7 |
199 |
219 |
179 |
199 |
| 06/09-13/09 |
7 |
169 |
189 |
149 |
169 |
| 13/09-20/09 |
7 |
129 |
149 |
119 |
129 |
| 20/09-27/09 |
7 |
99 |
109 |
99 |
109 |
* цена по лице со вклучен превоз
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица;
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то, 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
- Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
- Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
- Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
- Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
- Скопје –хотел ‘Russia’
- Куманово – БП Макпетрол (автопат)
- Велес – БП Макоил
- Неготино – БП Макпетрол Неготино
- ГП Богородица