РОГОЗНИЦА- е волшебен бисер на Далмација, со шармантен медитерански дух, природна убавина и автентична далматинска атмосфера, со сигурен и заштитен залив, го прават атрактивно место за одмор. Близината од 8 км од Примоштен, 25 км од Трогир, 30 км до Шибеник, 60 км од Сплит, во близина на два национални парка: Крка и Корнати, близината на островите Шолта,Брач,Корнати, хотел Перла Ресорт со 4*,на сама плажа,со лежалки и чадори за гостите, со 4 базени…сите тие придонесуваат за незаборавен идеален одмор..
1 ден. 13.09.26 Поаѓање во 18.00ч.-со туристички автобус,преку Албанија и Црна Гора, долж Јадранската ривиера, ноќно и денско возење со попатни паузи.
2 ден.14.09.26 Пристигнување во Сплит во утринските часови,кратко разгледување на градот: Катедралата Свети Дује,Променадата-Ривата, Диоклецијановата Палата.Продол- жување за Рогозница,сместување во Перла Ресорт.Слободно време за капење. Ноќевање.
3 ден 15.09.26 Појадок. Слободен ден за капење.Попладнето, можност за посета на центарот на Рогозница-(на само 1 км од хотелот), стар град исполнет со шармантен медитерански дух,шеталиште, марина, со интересни знаменитости: Змејовото око,Марина Фрапа,светилникот Мило, црквата Успение на Пресвета Богородица….Ноќевање .
4 ден.16.09.26 Појадок Слободен ден за капење. Ноќевање.
5 ден.17.09.26 Појадок Слободен ден за капење.Попладнето, факултативен излет до Националниот парк Крка со познатите слапови на реката Крка.Потоа ,посета на Шибеник каде ќе се видат:Катедралата св.Јаков-која е под заштита на УНЕСКО,Собранието, четирите средновековни бунари…Слободно време во Шибеник.Вечерта враќање в хотел. Ноќевање. 6ден.18.09.26 Појадок.Слободен ден за капење и уживање.Доцна попладне факултативен излет до Примоштен.Највпечатлив симбол на Примоштен е неговиот стар град, сместен на полуостров. Ова живописно јадро изобилува со тесни камени улички, шармантни бели камени куќи и балкони исполнети со цвеќиња. Црквата Свети Ѓорѓи и нејзината камбанарија доминираат на хоризонтот, давајќи му на градот посебен шмек.Ноќевање.
7 ден.19.09.26 Појадок.Слободен ден за капење.Полудневен Факултативен излет до Задар – градот на Јадранот каде што „морето пее песни„.Познат по музичкиот инструмент „Морска оргула“ и по зајдисонцето-„Поздрав до сонцето“. Градот е богат со десетици историски градби и места, а го привлекува интересот на туристите со своите модерни архитектонски градби. Притоа, ќе се видат:најголемата катедрала во Далмација,повеќе историски куќи,тврдините,старата чаршија.Вечерта враќање во Ресортот Перла. Ноќевање.
8 ден.20.09.26 Појадок Слободен ден за капење. Ноќевање.
9 ден. 21.09.26 Појадок.Во 10.00 часот заминување за Македонија, поминувајќи покрај многу убави туристички места, како: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, Градската порта, Кнежевиот двор од 13-ти век-сега градско собрание, палатата Чипико од 13-ти век, тврдината Камерленго,Трогирската Рива со голем број на јахти ,барови и шеталиште за уживање.Потоа се поминува низ “Гусарскиот град” Омиш , Башка Вода, Подгора…и други. Попатна посета на неодоливата Макарска –при што ќе се видат: Кацичевиот плоштад,цркв.св.Марко и прошетка по убавото шеталиште-Рива..Се продолжува преку Дубровник, Млини, Х.Нови,Тиват, Будва,Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
10 ден. 22.09.2026 Пристигнување во МК во раните утрински часови.
Во цената е вклучено:
– придружник и организација на патувањето
Во цената не е вклучено:
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно летување и патување.