СТУДИА НЕКТАРИОС
4.3/5 rating (3 votes)

СТУДИА НЕКТАРИОС - ПОЛИХОРНО

Вила Нектариос се наоѓа во Полихроно, на прва линија до плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу.  Вилата нема сопствен паркинг. Сите соби се опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме). Во услугата не се вклучени пешкири. 

 

Напомена: првите три термини и последните два се промо цени и на нив не следува попуст

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

 

Цените се изразени за НАЕМ на Студио / Апартман за 7 ноќевања

Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска противвредост од 62мкд.

 

 

Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица. 

Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената. 

Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еден спален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море. 

Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла. 

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (четврток)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

ЕЛИДА ТУРС го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%  , или промена на цената на горивото

 

 

 

 

140

Leave a comment

You are commenting as guest.