TIGNES - VAL D’ISERE
5.0/5 rating 1 vote

На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височина и важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза  во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere  и одличниот ноќен живот.                                  

 

Цените се дадени за пакет аранжман во Евра по лице.  Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

ПРОГРАМА

1.ден-петок.  СКОПЈЕ-TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2.ден-сабота. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3. – 8. Ден. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET:6 дневно скијање во Espace Kill Ноќевање

9.ден-сабота. TIGNES LE LAC- LAVACHET-VAL CLARET -СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10. ден–недела:Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

Во цената е вклучено:

Во цената НЕ Е вклучено:

 

За ова патување важат Општите услови за патување, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

Важни завршни напомени

  1. Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и повратен автобуски превоз.
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:

Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  1. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  2. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
  3. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.

 

  1. FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.

  1. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  2. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
  3. Распоредот на седишта во автобус е според времето на уплата.
  4. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
  5. Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (09.12.2024) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

 

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

  1. Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.

> Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

  1. Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
  2. 8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
  1. 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената

 

  1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 14€ (единечна постелнина со јастучница)-16€ (брачна постелнина со јастучници) и 14€ сет крпи ( 2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
  2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. 
  3.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  4.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 95€. Овие услуги мора да се нарачат 10 дена пред пристигнувањето, во агенција и истите се плаќаат на лице место.
  5. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  1. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.

 Влез во објект: 16.00 – 18.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

190

Leave a comment

You are commenting as guest.