mksqhrendeelrusr

Призрен со превоз од Охрид
5.0/5 rating 1 vote

ПРИЗРЕН

27-28/04/2024

Призрен – град во подножјето на Шар Планина, во областа Метохија. Призрен прв пат се спомнува во 1019 година како Приздријана , со цар Василиј II. Најзначаен и највреден старо-градски дел во Метохија и Косово. Препознатлив по Бела Река која го дели градот на два дела, каде што се и многуте кафулиња и ресторани со голем избор на традиционална храна.

Програма: 2 дена, 1 ноќевање

ДЕН 1: 27/04/2024 ОХРИД – ПРИЗРЕН

Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03:45, поаѓање за Призрен 04:00. Се патува преку граничен премин Блаце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Призрен во претпладневните часови, сместување во хотел.  Попладнето разглед на Призрен со локален туристички водич и посета на: црквата Пресвета Богородица, тврдината Призрен, џамијата Синан – паша, богата со арабеска и боја, Амамот,  и други знаменитости.

Слободно време за одмор и прошетка по чаршијата, каде што можат да се посетат многубројните дуќани, кафетерии и слаткарници. Вечерта вечера во ресторан (факултативно). Ноќевање.

ДЕН 2: 28/04/2024 ПРИЗРЕН - ОХРИД

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка и поаѓање за големиот трговски центар – АБИ. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Македонија со попатни паузи, со можна посета на Урошевац и царински формалности. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 4900 мкд

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадена релација;
  • 1 ноќевање во појадок во хотел во Призрен;
  • Разлед на градот со локален туристички водич;
  • Влезници;
  • Организација и водство на аранжманот.

Во цената не е вклучено:

  • Факултативна вечера;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Индивидуални трошоци.
913

Leave a comment

You are commenting as guest.