mksqhrendeelrusr

ЗАНЗИБАР
3.9/5 rating (9 votes)

ЗАНЗИБАР HAKUNA MATATA
СО АВИОН ОД СКОПЈЕ
 29.03-09.04.2021 – 12 дена/ 9 ноќи
 
Занзибар – егзотичната земја на насмевките каде ќе се опуштите и забавувате, ќе заборавите на короната и стресот. Само спакувајте ги своите купачи и летна гардероба, спремете се да танцувате и пиете коктели и да пливате во тиркизниот океан опкружен со бел песок и недопрена природа. И не заборавајте – СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ТУКА Е ДА СТЕ ПОСТОЈАНО НАСМЕАНИ!!!

Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! Заборавете на секојдневните проблеми, заборавете на се бидејки овде ве очекува РАЈОТ: Плажи со чист и ситен песок, прекрасната сина боја на Индискиот Океан, вкусна храна и коктели и секако традиционална музика која ќе ве натера да заиграте. Соблечете ги влечките и пижамите! Земете го вашиот костим за капење и апостолки, затоа што ние ќе ве однесеме во авантура! Време е! Излегуваме од дома и патуваме, најдобро знаеме што ви треба во моментов - пријателска атмосфера, добри вибрации и ладен пијалок за да Ве вратиме во игра!
 
 
Период на патување 29.03-09.04.2021/ период на престој 30.03-08.04.2021 – 9 ноќевања
TK1004 29MAR SKPIST 0855 1130/ TK 567 29MAR ISTZNZ 1945 0305
TK 567 09APR ZNZIST 0400 1255/ TK1005 09APR ISTSKP 1925 2000
 
 
 
1 - 2.ДЕН (29.03-30.03) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ-ЗАНЗИБАР
Состанок на аеродромот во Скопје три часа пред лет (во 6ч на 29.03). Чекирање на багаж до крајна дестинација Занзибар. Полетување на авион во 08.55ч, слетување во истанбул во 11.30ч. Слободно време на аеродорм Истанбул до полетување за Занзибар во 19.45ч. Слетување во Занзибар во рани утрински часови на 30.03. По завршување на сите царински и визни формалности трансфер до хотелот и слободно време до check-in согласно политика на хотелот. Можност и за ран check-in, доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. За гарантиран ран check-in и лица кои сакаат веднаш да се сместат во соба постои можност за доплата на истата услуга согласно политика на хотелот (доплата на барање и пред тргнување од Скопје). Се освежуваме и заминуваме на плажа да го испиеме првиот ладен коктел и уживаме во окенот и сонцето!

3-10. ДЕН (31.03-07.04) ЗАНЗИБАР
Ни претстојат незаборавни денови. Покрај плажата и забавата, ќе имате можност да го запознаете островот Занзибар и неговиот начин на живот, култура, храна! Ќе имаме прилика и да уживаме во најголемите атракции во регионот благодарение на дополнителните екскурзии на островот Занзибар, кои ги избравме специјално за вас (по избор).

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ - PRISON ISLAND TOUR, STONE TOWN TOUR со посета на куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), SPICE TOUR – “THE ISLAND OF SPICES”, посета на ресторанот ROCK BAR, посета на прекрасните плажи на Занзибар (Nungwi Beach, Bwejuu Beach, Kendwa Beach, Pongwe Beach, Paje Beach …) Нè очекуваат многу изненадувања и нови емоции, кои заедно ќе ги доживееме на островот!

11-12 ДЕН (08-09.04) ЗАНЗИБАР – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и check out од хотелот согласно хотелска политика (околу 11-12ч). Можност за late check out со доплата согласно хотелска политика и цена (на барање пред поаѓање од Скопје). Слободно време да се збогуваме со неверојатната природа и пријателските луѓе во Занзибар. За жал, секоја добра работа има свој крај … Во вечерните часови пред полноќ на 08.04 трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 04.00 на 09.04. Слетување во Истанбул во 12.55. Полетување за Скопје во 19.25. Пристигнување во Скопје на 09.04 во 20.00ч (сите саатници на летови се по локално време).

…. И така до следната авантура!

* Цените се промотивни до 09.02.2021г, по овој датум сите цени се зголемуваат
 
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија (Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
  • Аеродромски такси
  • 9 ноќевања во хотелот по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база НП = ноќевање со појадок/ ПП = полупансион (доручек и вечера) соглсно политика на хотел и протоколи
  • Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
  • Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Занзибар

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ согласно број на патници пријавени /
  • Виза за Занзибар – 50 USD
  • Градска такса – 1 USD од ноќ по лице. Се плаќа директно на рецепција во хотелот.
  • Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД (Триглав или Еуролинк осигурување)
  • Индивидуални и лични трошоци
  • Осигурување за откажување патувања
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
 
 
Highland Bungalows 3* - Сместен во Baobab Way, Nungwi на плажата Нунгви, недалеку од плажа. Хотелот располага со ресторан и отоврен бар. Гостите можат да го искористат надворешниот базен кој е опкружен со градина. Собите се со африканска тематика и се лоцирани во бунгалови од слама. Секоја има бања со туш и креветите кои се обвиткани со мрежа за комарци. Локални и меѓународни јадења може да се нарачаат во ресторанот. Со коктели и пијалоци може да уживате во барот, кој исто така е домаќин на редовни музички настани во живо и вечерна забава. highlandzanzibar.co.tz

Smiles Beach Hotel 4* - Сместен во приватна делница на плажата Nungwi, реновираниот хотел располага со чадори и импровизирани лежалки, како и голема тропска градина. Исто така постои и ресторан покрај плажа и бесплатен Wi-Fi во хотелските соби. Климатизирани соби сите имаат балкон и поглед на Индискиот океан. Тие се исто така опремени со сателитска ТВ и врежани дрвени кревети. Секоја сопствена бања има туш. Гостите можат да се релаксираат покрај плажа или во градината. Во ресторанот се служат јадења од Занзибари и морска храна со свежи, локални состојки. smilesbeachhotel.com

Doubletree By Hilton Resort Zanzibar Nungwi 4* - на плажата Nungwi, уживајте во погледот на Индискиот Океан и директен пристап до плажата на пет минути од традиционалното рибарско село Нунгви. Изграден во традиционален стил на Занзибар со покриви со трски од палми, ова одморалиште има отворен базен со слатка вода, фитнес центар, спортови на вода, забава во живо и спа-објекти.  www.hilton.com/en/hotels/znzdtdi-doubletree-resort-zanzibar-nungwi

MELIA ZANZIBAR 5* - Доколку сакате да се преточите во луксузот на Занзибар, ние избравме едно од најдобрите одморалишта на островот. Сместена во Кивенгва, Мелија Занзибар нуди приватна плажа, отворен базен, тениско игралиште и фитнес центар. Собите во Мелиа Занзибар се опремени со опрема за правење чај и кафе, приватна бања, клима уред и телевизор со рамен екран. Некои вклучуваат тераса и други имаат поглед на море. Доручек се служи на лице место наутро. Хотелот има 5 ресторани специјализирани за интернационална, медитеранска и локална кујна. Исто така постои и сауна, а областа е популарна за кајакарство. Овој хотел со 5 starвезди нуди и изнајмување автомобил.  www.melia.com/en/hotels/tanzania/zanzibar/melia-zanzibar
 
 
 
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
 
 
 
 
Услови:
  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
 
 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ЕЛИДА ТУРС ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ

 

 

 

1296

Leave a comment

You are commenting as guest.