mksqhrendeelrusr

Вила „Јанис“ - Лептокарија
3.4/5 rating (20 votes)

ВИЛА ЈАНИС се наоѓа во Лептокарија, во централниот дел на градот во близина на градскиот парк и плоштад. До плажа има 8мин пешачење или 700м. Секоја соба располага со кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, ТВ, балкон и клима (со доплата од 6еур на лице место).

Име: Gounos Giannis контакт број: 0030 697 864 7511 за лица со сопствено возило, адреса: Ag.Papagaou 20, Leptokraya 60063

Гпс координати: 40.06023370980358, 22.560982723752115

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

(напомена: првите три и последните три термина се промо цени, и не подоложат на попуст) 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024


Опис на регион

 

Лептокарија денес е прекрасен град кој изобилува со убави објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток на нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа, овој град плени и со големата пешачка зона, големото шеталиште, убавиот парк со прекрасно зеленило…Иако првенствено важи за место за мирен фамилијарен одмор, големиот избор на таверни, кафе-барови, продавници, дискотеки и останати содржини, ќе го направат Лептокарија примамливо место и за оние кои очекуваат нешто подинамичен летен одмор.

 

Опис на сместување

 

Сите студиа располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, тв, клима (со доплата на лице место) балкон, распределени се на приземје, прв или втор спрат. Апартманот е составен од 2 спални соби секоја со 3 легла, во него можат да се сместат 6 лица, истиот располага со кујна, клима, тв, балкон.

 

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна
  • TV
 
 
 
 

Доплата за туристичка такса – 1,5еур (се плаќа во објектот)

Превоз

Повратен превоз до Лептокарија чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје заПиериа:

  • Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
  • Штип(паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 45€ по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице
  • Граниченпремин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола заПиериа: 

  • Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 40€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфердо Битола  – 40€
  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 50€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола-50€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -50€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

 

  • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10еур
  • Деца до 1,99 години бесплатно

Eлида Турс го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или ако има промена на цената на горивото

Време на поаѓање превоз од Скопје за Паралиа ( секоја Сабота )

  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
  • 04:00 h Скопје (Дрводекор)
  • 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
  • 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • 06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

 

Време на поаѓање превоз од Битола за Паралија:

  • 04:00 h Битола (автобуска станица Транскоп на перон )
  • 03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

 

Поаѓање од Грција: 

14:00 h локално време, ( 13:00 h мак.време) Лептокарија

GPS:40.060262, 22.561240

2408

Leave a comment

You are commenting as guest.