mksqhrendeelrusr

ШПАНИЈА - ЛЕТО 2024
0.0/5 rating (0 votes)

                        ШПАНИЈА- ЛЕТО 2024                        

Рим - Барселона - Валенсија - Мадрид - Толедо - Сарагоса - Андора - Кан - Ница - Монако

 

1 ДЕН 19.06.2024 (среда) МАКЕДОНИЈА

Поаќање во 15.00 часот, патот води преку граничен премин Меџитлија за Игуменица. Пристигнување во Игуменица во вечерните часови во 23.30 час. Поаѓање со брод за Бари.

 

2 ДЕН 20.06.2024 (четврток) БАРИ - РИМ - БАРСЕЛОНА

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување за Рим, пристигнување во попладневните часови и разгледување на градот со локален водич со слушалки: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на Цар Трајан, Капитол,плоштадите Венеција и Еспанија, Шпанските скали, Фонтаната Ди Треви...Слободно време во центарот на Рим. Вечерта во 21.00 час поаѓање со брод од пристаништето Чивитавекија со брод за Барселона, ноќно пловење.

 

3 ДЕН 21.06.2024 (петок) БАРСЕЛОНА - ЛОРЕТ ДЕ МАР

Денско пловење и пристигнување во Барселона во вечерните часови +-20.00ч. Продолжување со автобусот за Лорет Де Мар,сместување во хотел. Вечера??? Ноќевање.

 

4 ДЕН 22.06.2024 (сабота) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Ден за индивидуални активности, капење... Вечера. Ноќевање.             

 

5 ДЕН 23.06.2024 (недела) БАРСЕЛОНА

Појадок. Слободно предпладне за капење. Факултативен излет до Барселона. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Каталонија и Шпанија, Катедралата Саграда фамилија, Шпанското село, стадионот ”Камп Ноу”, ридот Монт Жуик, паркот Гауди, авенијата Ла Рамбла... Враќање вo хотел. Вечера. Ноќевање.                     

 

6 ДЕН 24.06.2024 (понеделник) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок.Слободно време за капење. Вечера. Ноќевање.

 

7 ДЕН 25.06.2024 (вторник) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Ден за индивидуални активности, капење... Вечера. Ноќевање. 

 

8 ДЕН 26.06.2024 (среда) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок.Слободно време до 12.00 за капење.Ноќевање.

 

9 ДЕН 27.06.2024 (четврток) ВАЛЕНСИЈА - МАДРИД

Појадок.Поаѓање за Валенсија,разглед на знаменитостите на градот:Продолжување за Мадрид.Сместување во хотел.Ноќевање.

 

10 ДЕН 28.06.2024 (петок) МАДРИД - ТОЛЕДО

Појадок. Разгледување на Мадрид со локален водич: Еспањол театарот,споменикот на Сервантес, плоштадите Цибалија,Мајор и Санта Ана, кралската палата и Санта Круз, можност за посета на музејот Прадо со делата на Гоја, Веласкез, Ел Грека,стадионот Бернабе на Реал Мадрид. Факултативно, посета на Толедо-некогашната престолнина на Шпанија, па затоа е наречен Царски или Империјален град. Познат е и како град на 3 култури, во него живееле Православци, Муслимани и Евреи, па во него ќе се видат и цркви и џамии и синагоги. Толедо е романтичен мал град со тесни и стрмни улички, со средновековни градби и прекрасни видиковци. Градот е под заштита на УНЕСКО. Атракции на градот се: Плоштадот Зокодовер, Тврдината Алказар, Средновековните порти Бисагра и Сол, Толедската Катедрала, а може да се купат сувенири, статуи и оклопи од Сервантес и Дон Кихот.Враќање во хотел. Ноќевање.

 

11 ДЕН 29.06.2024 (сабота) САРАГОСА - АНДОРА- КАН - НИЦА

Појадок. По појадокот поаѓање за Сарагоса - град на реката Ебро - каде ќе се видат: Базиликата Nuestra Señora del Pilar, Катедралата La Seo, Маварскиот дворец Aljafería од 11-ти век, Градското собрание... Потоа се  продолжува за Андора - една од најмалите држави во Европа, која годишно ја посетуваат 10 милиони жители. Планинска земја со најдобри ски центри, мали сликовити села, каде можи да се купат евтини пијалоци, цигари, масло, електрични апарати... Вечерта поаѓање за Кан, Ница, ноќно возење со попатни одмори.

 

12 ДЕН 30.06.2024 (недела) КАН - НИЦА

Во утринските часови пристигнување во Кан - градот на филмскиот фестивал - кратка посета. Се продолжува за Ница ,сместување во хотел. Слободно време за капење. Ноќевање.                                                                                                 

 

13 ДЕН 01.07.2024 (понеделник) НИЦА - МОНАКО - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно предпладне за прошетка по Англиското шеталиште во Ница и капење. Околу 12.00 ч. поаѓање за Македонија со кратка попатна посета на Монако при што може да се видат: Кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини, патеката на Ф1. Вечерта кратка посета на коцкарниците во Монте Карло.

Потоа се патува преку Италиjа, Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.                                                                                                   

 

14 ДЕН 02.07.2024 (вторник) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во  Македонија во попладневните часови.                                                                                                                            

 

ЦЕНА: 790€ (49.000,оо мкд) за резервации до 15.02.2024.

Редовна цена 950€ (59.000,оо мкд) 

 

 

Во цената е пресметано:

  • Превоз со туристички авотбуси на дадената релација;
  • Превоз сo брод Игуменица - Бари на ДЕК;
  • Превоз сo брод Чивитавекија - Барселона на ДЕК;
  • Сместување: 6 полупансиони во хотел со 4* Xaine.com - Лорет де Мар, 2 Н/П во хотел со 3* во Мадрид, 1 Н/П во хотел 3* www.Appartcity.com во Ница;
  • Попатни посети на: Сарагоса, Андора, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Сан Ремо;
  • Разгледување на Рим, Валенсија и Мадрид со локален водич;
  • Лиценциран придружник на екскурзијата.                                                                              

 

Во цената не е пресметано:

  • Здравствено патничко осигурување без франшиза.
  • Превоз и разгледување на Барселона со локален водич (20 €).
  • Превоз и разгледување на Толедо со локален водич - 10€.
  • Задолжителна доплата за разглед на Рим:влез и паркинг, локален водич со слушалки -10€.
  • Задолжителна доплата за разглед на Монако: влез и паркинг - 10€.
  • Доплата за кабина Игуменица - Бари: 30€ во 1/4, 45€ во 1/3 и 55€ во 1/2 кабина, по лице.
  • Доплата за кабина Чивитавекија - Барселона: 25€ во 1/4, 30€ во 1/3 и 45€ во 1/2 кабина, по лице во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А).
  • Влезници за посетите на културно историските споменици.

Напомена: Краен рок за пријавување до 20.04.2024 година.                                                                                 

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. ЕЛИДА ТУРС и СКТМ.

302

Leave a comment

You are commenting as guest.