ГРУПНО ПАТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ
Пакет аранжман: 10 ноќевања во Канкун I Авионски превоз I трансфери I aгенциски претставник
Термин: 24.04.2022-06.05.2022 ;
Пакетни цени по лице :
Хотел (Economy) |
Локација |
Услуга |
Лице во двокреветна соба |
Трето лице во двокреветна соба |
Illusion Boutique Hotel By Xperience Hotels 3* |
Playa del Carmen |
Со појадок |
€ 1382 |
На барање |
The Fives Downtown Hotel & Residences 4* |
Playa del Carmen |
Со појадок |
€ 1599 |
На барање |
The Reef Coco Beach 3* |
Playa del Carmen |
Со појадок |
€ 1540 |
На барање |
Riviera del Sol 3* |
Playa del Carmen |
Само наем |
€ 1539 |
На барање |
Хотел (Comfort) |
Локација |
Услуга |
Лице во двокреветна соба |
Трето лице во двокреветна соба |
Hilton Playa Del Carmen 5* |
Playa Del Carmen |
ALL |
€ 3025 |
На барање |
Mahekal Beach Resort 4* |
Playa Del Carmen |
HB |
€ 2673 |
На барање |
Iberostar Tucan 5* |
Playacar |
ALL |
€ 2340 |
На барање |
Sandos Caracol Eco Resort 4* |
Playa Del Carmen |
ALL |
€ 2041 |
На барање |
Panama Jack 4* |
Playa Del Carmen |
ALL |
€ 2206 |
На барање |
Хотел (Delux) |
Локација |
Услуга |
Лице во двокреветна соба |
Трето лице во двокреветна соба |
Hyatt Zilara 5* |
Cancun |
ALL |
На барање |
На барање |
Excellence Riviera 5* |
Puerto Morales |
ALL |
На барање |
На барање |
Xcaret Mexico 5* |
Xcaret |
ALL |
€ 4165 |
На барање |
Nickelodeon Hotels & Resorts Riviera Maya 5* |
Riviera Maya |
ALL |
На барање |
На барање |
Хотел (Premium) |
Локација |
Услуга |
Лице во двокреветна соба |
Трето лице во двокреветна соба |
Viceroy Riviera Maya 6* |
Riviera Maya |
BB |
На барање |
На барање |
Fairmont Mayakoba 6* |
Mayakoba |
|
На барање |
На барање |
Belmond Maroma 5* |
Playa Maroma |
|
На барање |
На барање |
The Ritz-Carlton |
|
|
На барање |
На барање |
Пакетната цена вклучува:
- Авионски билети Скопје - Канкун - Скопје со вклучен багаж
- Аеродромски такси;
- 10 ноќевањасо услуга во хотел според табелата ;
- Трансфери од и до хотел;
- Претставник од АтлантиС за над 16 патници ;
Пакетната цена НЕ вклучува:
- Виза за Мексико – 36 USD (се плаќа во амбасадата во Белград);
- Бакшиши за шоферите и локалните водичи
- Индивидуални трошоци;
- Патничко осигурување – задолжително (информации во агенција).
Неопходни документи за издавање на Мексиканса виза:
- Закажан термин во амбасадата во Белград
- Лично присуство во амбасадата поради биометриски податоци (фотографија и отпечаток од прст);
- Формулар за виза;
- Патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
- 1 фотографија во пасошки формат (во боја, со откриено лице, без наочари, анфас) чии димензии не се помали од 32 mm x 26 mm и поголеми од 39 mm x 31 mm;
- Останати документи (дополнитени информации во агенција).
Услови за резервација:
- Уплата на депозит од минимум 40% од вкупниот износ на аранжманот при резервација и доплата на целиот аранжман најдоцна 45 дена пред реализација на истиот;
- Копија од валидна патна исправа, со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
- За патување во Мексико, не се потребни медицински барања.
Забелешки:
- Тур операторот има право на промена на програмата и редоследот на извршување на настаните, доколку дојде до неповолни временски услови или други околности кои зависат од виша сила.
- Времето на летот е предмет на потврда од страна на авиокомпаниите!
- Минимум пријавени патници за реализација: 16
- Минимум пријавени патници за факултативни излети: 10
- Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Општи информации за Мексико
Мексико (службено Соединети Мексикански Држави) е држава лоцирана во Северна Америка чија површина е околу 2 милиони километри квадратни. На север се граничини со САД, а на југоисток со Гватемала и Белизе, додека со својот крајбрежен дел на запад излегува на Тихиот океан, а Карипското море на исток.
Од вкупниот број на жители, кои брои околу 120 милиони, речиси 20 милиони се населени во главниот град Мексико Сити. Во периодот пред Колумбо, овој регион бил населен од повеќе индијански култури и цивилизации како што се Олмеки, Толтеки, Запотеки, Маи и Астеки. Под окупација на Шпанија од 1521 година, па се до независноста во 1821, Мексико е држава која има долги години историја. Денес, претставува демократска, федерална република која се состои од 32 држави или поточно од 31 држава и 1 федерален округ. Службен јазик во Мексико е шпанскиот јазик, но во упетрабе се уште 62 различни индијански јазици. Христијанстовото е најзастапена религија, односно најголемиот дел од населението се католици.
- Виза
За престој во Мексико потребна е виза за државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора (за државјани на Хрватска виза не е потребна). Добиената виза е валидна 6 месеци од датумот на нејзиното издавање. *За лица кои имаат амерички пасош/виза, не е потребно издавање на мексиканска виза - Здраствена ситуација
За патување во Мексико не е потребна претходна вакцинација. Се препорачува конзумирање на флаширана вода, како и со Вас да понесете пробиотици, фервекс или лекови против болки и температура (за секој случај). - Временска зона
Мексико се наоѓа на -6 UTC временска зона, или -7 во однос на Македонија. - Клима
Мексико е климатски разновнидна земја, при што се дели на 3 висински појаси. Најнискиот – Tierra Caliente (врела земја) ги опфаќа тропските рамнини во источниот брег со високи температури и големи количества на дожд. Над овој појас е Tierra Templada (умерена земја) која зрачи со умерена клима која е погодна за живот. Над 2000 метри висина се наоѓа Tierra fria (ладна земја) каде што годишните времиња (особено лето и зема) се прилично изразени. - Храна
Храната во Мексико е премногу вкусна но и егзотична, при што во потполност се разликува од мексиканската храна на која сме навикнати во нашите ресторани. Мексиканската храна важи за исклучиво пикантна, што е резултат на сосевите кои се додаваат дополнително. Секако советуваме да пробате некои од локалните специјалтети како што се тако, бурито и кесадиља со различни видови на месо. Во Мексико секако постојат и интернационални ресторани за оние кои не се љубители на локалната храна. Од пијалоците најпопуларни се текила, пиво и различни свежи сокови. - Безбедност
Мексико е земја со среден ризик кога е во прашање безбедноста. Во Мексико Сити исклучиво е важно да не се движите во зони на градот, вон планот и програмата на патуњето. Карипската област е безбедна и сигурна зона. - Облека
Препорачуваме летна гардероба, како и барем еден пар спорстки обувки при користење на некои од екскрузиите. Секако, понесете и облека со долги ракави/ногавици исклучиво поради времето поминато во авион. - Валута
Мексикански пезос е официјална валута во Мексико при што курсот е 1 евро = 18 пезоси или 1 долар = 17 пезоси. На некои места има опција за плаќање со картица или да користите банкомати, но секако препорачуваме да имате готовина со Вас. - Струја
Струјата во Мексико е 110V, при што се користи адаптер со 2 тенки излези - Сувенири
Препорачуваме од Мексико да се вратите со сувенири од типот на текила, различни видови на облека, чевли и накит со мексикански мотиви, течна ванила, sombrero.
» За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Елида Турс.