mksqhrendeelrusr

Мексико - Голема Јукатанска тура
4.3/5 rating (3 votes)

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности - уникатни археолошки локалитети од древни цивилизации и населби на Маите и Ацтеките; мали  колонијални градови со зачувана  архитектура уште од времето на шпанските освојувачи, но и големи и модерно развиени градови; пустини, тропски прашуми, планини, вулкани, песочни плажи....

 

Културата на Маите била особено присутна и се развивала на Јукатан - полуостров лоциран на југоисточната страна од Мексико, помеѓу Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на Југ. Во оваа област Маите го достигнале зенитот во својот супериорен степен на развој, по што нивната цивилизација и влијанија ги прошириле се до Централна Америка. Остатоците од нивните номадски населби датираат од 1.500 година п.н.е. и сведочат за маестралните градежни техники, како и за напредните математички и астрономски познавања. Тие развиле структура на пишување користејќи симболи и хиероглифи, преку што успеале да ги овековечат нивните гледишта на работите, светот и животот.

 

Канкун е град во Мексико кој  своевремено од мало село се има развиено во едно од најпрестижните дестинации во тој дел од светот. Се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Јukatan, во сојузната држава Kintana Ro, на 22км долг полуостров опкружен со водите  на Карипското Море. Поделен на два дела-елитно туристичка, хотелска зона лоцирана по должина на плажите од полуостровот; и градската зона со модерни булевари, ресторани, продавници, пазари и места каде циркулира животот на локалното население. Канкун е одлично место за љубителите на забавата и ноќниот живот, но има многу пријатни и мирни места за туристите кои преферираат спокоен тропски одмор, особено во околните туристички места како што е Плаја Дел Кармен – прекрасен туристички центар со луксузни хотели распослани низ белите плажи окулу ова племенито градче. Освен по долгите бели песочни плажи и забавата, овој туристички регион е особено атрактивен поради блискоста до значајните локалитети од историјата на Маите, како што се Чичен Ица, Тулум, Ушмал, Коба, итн... 

 

ГРУПНО ПАТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ 

Пакет аранжман: 10 ноќевања во Канкун I Авионски превоз I  трансфери I aгенциски претставник 

Термин: 24.04.2022-06.05.2022 ; 

Пакетни цени по лице :

 

Хотел (Economy)

Локација

Услуга

Лице во двокреветна соба

Трето лице во двокреветна соба 

Illusion Boutique Hotel By Xperience Hotels  3*

Playa del Carmen

Со појадок

€ 1382

На барање 

The Fives Downtown Hotel & Residences 4*

Playa del Carmen

Со појадок

€ 1599

На барање 

The Reef Coco Beach 3*

Playa del Carmen

Со појадок

€ 1540

На барање 

Riviera del Sol 3*

Playa del Carmen

Само наем 

€ 1539

На барање 

Хотел (Comfort)

Локација

Услуга

Лице во двокреветна соба

Трето лице во двокреветна соба 

Hilton Playa Del Carmen 5*

Playa Del Carmen

ALL

€ 3025

На барање 

Mahekal Beach Resort 4*

Playa Del Carmen

HB

€ 2673

На барање 

Iberostar Tucan 5*

Playacar

ALL

€ 2340

На барање 

Sandos Caracol Eco Resort 4*

Playa Del Carmen

ALL

€ 2041

На барање 

Panama Jack 4*

Playa Del Carmen

ALL

€ 2206

На барање 

Хотел (Delux)

Локација

Услуга

Лице во двокреветна соба

Трето лице во двокреветна соба 

Hyatt Zilara 5*

Cancun

ALL

На барање

На барање 

Excellence Riviera 5*

Puerto Morales

ALL

На барање

На барање 

Xcaret Mexico 5*

Xcaret

ALL

€ 4165

На барање 

Nickelodeon Hotels & Resorts Riviera Maya 5*

Riviera Maya

ALL

На барање

На барање 

Хотел (Premium)

Локација

Услуга

Лице во двокреветна соба

Трето лице во двокреветна соба 

Viceroy Riviera Maya 6*

Riviera Maya

BB

На барање

На барање 

Fairmont Mayakoba 6*

Mayakoba

 

На барање

На барање 

Belmond Maroma 5*

Playa Maroma

 

На барање

На барање 

The Ritz-Carlton

 

 

На барање

На барање 

 

Пакетната цена вклучува:

  • Авионски билети Скопје - Канкун - Скопје со вклучен багаж 
  • Аеродромски такси;
  • 10 ноќевањасо услуга  во хотел според табелата ;
  • Трансфери од и до хотел;
  • Претставник од АтлантиС  за над 16 патници ;

Пакетната цена НЕ вклучува:

  • Виза за Мексико – 36 USD (се плаќа во амбасадата во Белград);
  • Бакшиши за шоферите и локалните водичи 
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување – задолжително (информации во агенција).

 

Неопходни документи за издавање на Мексиканса виза:

  • Закажан термин во амбасадата во Белград 
  • Лично присуство во амбасадата поради биометриски податоци (фотографија и отпечаток од прст);
  • Формулар за виза;
  • Патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • 1 фотографија во пасошки формат (во боја, со откриено лице, без наочари, анфас) чии димензии не се помали од 32 mm x 26 mm и поголеми од 39 mm x 31 mm;
  • Останати документи (дополнитени информации во агенција).

 

Услови за резервација:

  • Уплата на депозит од минимум 40% од вкупниот износ на аранжманот при резервација и доплата на целиот аранжман најдоцна 45 дена пред реализација на истиот;
  • Копија од валидна патна исправа, со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • За патување во Мексико, не се потребни медицински барања.

 

Забелешки:

  • Тур операторот има право на промена на програмата и редоследот на извршување на настаните, доколку дојде до неповолни временски услови или други околности кои зависат од виша сила.
  • Времето на летот е предмет на потврда од страна на авиокомпаниите!
  • Минимум пријавени патници за реализација: 16
  • Минимум пријавени патници за факултативни излети: 10
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

Општи информации за Мексико 

Мексико (службено Соединети Мексикански Држави) е држава лоцирана во Северна Америка чија површина е околу 2 милиони километри квадратни. На север се граничини со САД, а на југоисток со Гватемала и Белизе, додека со својот крајбрежен дел на запад излегува на Тихиот океан, а Карипското море на исток.

Од вкупниот број на жители, кои брои околу 120 милиони, речиси 20 милиони се населени во главниот град Мексико Сити. Во периодот пред Колумбо, овој регион бил населен од повеќе индијански култури и цивилизации како што се Олмеки, Толтеки, Запотеки, Маи и Астеки. Под окупација на Шпанија од 1521 година, па се до независноста во 1821, Мексико е држава која има долги години историја. Денес, претставува демократска, федерална република која се состои од 32 држави или поточно од 31 држава и 1 федерален округ. Службен јазик во Мексико е шпанскиот јазик, но во упетрабе се уште 62 различни индијански јазици. Христијанстовото е најзастапена религија, односно најголемиот дел од населението се католици.

 

 

 

  • Виза
     
    За престој во Мексико потребна е виза за државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора (за државјани на Хрватска виза не е потребна). Добиената виза е валидна 6 месеци од датумот на нејзиното издавање. *За лица кои имаат амерички пасош/виза, не е потребно издавање на мексиканска виза
  • Здраствена ситуација
     
    За патување во Мексико не е потребна претходна вакцинација. Се препорачува конзумирање на флаширана вода, како и со Вас да понесете пробиотици, фервекс или лекови против болки и температура (за секој случај).
  • Временска зона
     
    Мексико се наоѓа на -6 UTC временска зона, или -7 во однос на Македонија. 
  • Клима
     
    Мексико е климатски разновнидна земја, при што се дели на 3 висински појаси. Најнискиот – Tierra Caliente (врела земја) ги опфаќа тропските рамнини во источниот брег со високи температури и големи количества на дожд. Над овој појас е Tierra Templada (умерена земја) која зрачи со умерена клима која е погодна за живот. Над 2000 метри висина се наоѓа Tierra fria (ладна земја) каде што годишните времиња (особено лето и зема) се прилично изразени.
  • Храна
     
    Храната во Мексико е премногу вкусна но и егзотична, при што во потполност се разликува од мексиканската храна на која сме навикнати во нашите ресторани. Мексиканската храна важи за исклучиво пикантна, што е резултат на сосевите кои се додаваат дополнително. Секако советуваме да пробате некои од локалните специјалтети како што се тако, бурито и кесадиља со различни видови на месо. Во Мексико секако постојат и интернационални ресторани за оние кои не се љубители на локалната храна. Од пијалоците најпопуларни се текила, пиво и различни свежи сокови.
  • Безбедност
     
    Мексико е земја со среден ризик кога е во прашање безбедноста. Во Мексико Сити исклучиво е важно да не се движите во зони на градот, вон планот и програмата на патуњето. Карипската област е безбедна и сигурна зона.
  • Облека
     
    Препорачуваме летна гардероба, како и барем еден пар спорстки обувки при користење на некои од екскрузиите. Секако, понесете и облека со долги ракави/ногавици исклучиво поради времето поминато во авион.
  • Валута
     
    Мексикански пезос е официјална валута во Мексико при што курсот е 1 евро = 18 пезоси или 1 долар = 17 пезоси. На некои места има опција за плаќање со картица или да користите банкомати, но секако препорачуваме да имате готовина со Вас. 
  • Струја
     
    Струјата во Мексико е 110V, при што се користи адаптер со 2 тенки излези
  • Сувенири
     
    Препорачуваме од Мексико да се вратите со сувенири од типот на текила, различни видови на облека, чевли и накит со мексикански мотиви, течна ванила, sombrero.

 


» За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Елида Турс.

1658

Leave a comment

You are commenting as guest.