mksqhrendeelrusr

Култура - Cultural tours

Битола city tour

Битола city tour

полудневна тура

Битола позната и под името “Град на конзулите”. Дури и денес е забележлива одминатата елеганција на фасадите на куќите на секогаш полниот со луѓе Широк Сокак, како и Битолскиот парк каде излегуваат секогаш дотераните Битолчани...Посета и на античкиот локалитет Heraclea Lyncestis, најзачуваниот Антички град во Македонија...

Византиско сликарство (црквите) во Македонија

Византиско сликарство (црквите) во Македонија

8 дена/7ноќи тура

Блискоста и влијанијето на двата најголеми Византиски центри - Солун и Цариград, оставиле големо влијание и во уметничкото творештво на Македонија. Одалеченоста и словенската култура од друга страна оставиле печат во различноста на таа уметност. Визнатиската уметност во Макдонија е мост помеѓу Истокот и Западот.

Македонија и Албанија - околу езерото

Македонија и Албанија - околу езерото

целодневна тура

Тура околу Охридското езеро, исполнета со пејсажи и како две култури на блиски но сепак различни начини уживаат во убавните на Охридското езеро. Посета на манастирот Св. Наум и изворите на Црн Дрим, посета на изворите во Тушемиште во Албанија, Поградец, мозаиците во селото Лин, Струга...

Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро

Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро

2 дена/1ноќ тура

Пештерните цркви на брегот на Охридското езеро, можеби на прв поглед, покрај таква раскошна и богата убавина да се одбере аскестски живот изгледа необично, но таа убавина можеби најмногу наликува на божествената. Тура која ќе ви ги открие мајсторски израборени фрески во самотија и аскетизам...

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски

полудневна тура

Мијачкиот крај покрај природните убавини најмогу e познат по градителството, резбарството и иконописот. Ако сакате да го доживеете целокупното достигнување на овој крај – манастирот Св Јован Бигорски е пример за врвните достигнувања на градителите, резбарите и зографите...

Скопје city tour

Скопје city tour

полудневна тура

Скопје, главниот и најголем град во Македонија во кој можете на секој чекор да ја осетите средбата на Истокот и Западот, модерното и старото, ориенталното и ренесансното, има историја долга повеќе од 2000 год и е вистинско место за почеток на Вашето откривање на Македонија.

Струга и Калишта

Струга и Калишта

полудневна тура

Струга, вториот град по големина на брегот на Охридското езеро, низ кој извира реката Црн Дрим и му дава посебна живописност на градот. Струшката чаршија со своите дуќани, ресторани, златари ќе остават траен впечаток врз секој посетител. Посета и на манастирскиот комплекс во Калишта...