mksqhrendeelrusr

Византиско сликарство (црквите) во Македонија

 

= ВИЗАНТИСКОТО СЛИКАРСТВО ВО МАКЕДОНИЈА =
(8 дена / 7 ноќи)

 

Блискоста и влијанијето на двата најголеми Византиски центри - Солун и Цариград, оставиле големо влијание и во уметничкото творештво на Македонија. Одалеченоста и словенската култура од друга страна оставиле печат во различноста на таа уметност. Иако го носи белегот на Византиска уметност, влијанијата на Западната, ренесансната култура се осетни во многу дела.

Визнатиската уметност во Макдонија е мост помеѓу Истокот и Западот.

 

ПРОГРАМА:

 

1 ДЕН: СКОПЈЕ

 

Пристигнување на Скопскиот аеродром, каде групата ќе биде пречекана од претставник на агенцијата. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН: СКОПЈЕ - СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН - СВ. МАРКО - СВ. АНДРЕА (МАТКА)

 

Појадок. Следува разглед на Скопје, главниот град на Македонија, неговиот стар и нов дел, кои се наоѓаат еден наспроти друг: Скопската тврдина - Кале, црквата Св. Спас, стариот пазар - Бит Пазар, Музејот на Македонија - посебно колекцијата на икони, Даут пашиниот амамм, камениот мост, плоштадот Македонија.

Турата продлжува со посета на манастирот и црквата Св. Пантелејмон од 12 век, која го набљудува Скопје од ненарушена тишина на падините на планината Водно.

Се наоѓа на 15 мин возење од Скопје.

Манастирот е изграден во 1164 год и е познат по своето исклучително фреско сликарство, по драматичниот експресионизам кој не припаѓа на Византиското сликарство.

Организиран ручек.

Турата продолжува со посета на кањонот Матка каде ќе се посети црквата Св. Андреа, изградена во 1389 год и која содржи фрески со голема уметничка вредност.

Следува посета на селото Сушица 20км од Скопје каде ќе се посети манастирот Св. Марко и црквата Св. Димитрија, кои се едни од најдобро сочуваните во Македонија. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН: СВ. НИКИТА - СВ. ЃОРЃИЈА - ЛЕСНОВО - СТОБИ

 

Појадок. Турата ќе започне со посета на црквата Св. Никита, во близна на Скопје од 14 век во која има значајни и уникатни фрески на познатите зографи Михајло и Ефтихије.

Тие исто така ги имаат насликано фреските во црквата Св. Ѓорѓија во Старо Нагоричане кој ќе биде наш следен стоп. Оваа црква е изградена на темелите на постар храм од српскиот крал Милутин во 1313 год. Нејзините прогонувачки фрески како да припаѓаат на друг свет се насликани во 1317/18 година.

Патот води длабоко во источна Македонија, до Лесновскиот манастир еден од најзначајните литературни центри во Македонија и кој има активен манастирски живот.

Ручек.

Покрај Византиската уметност, Македонија има богата историја и од античкиот период. Такво е и Стоби, антички град каде се сретнале различни цивилизациски периоди од живеењето на Македонија. Ќе ги видиме - античкиот театар, мозаиците на епископската базилика...

Враќање во Скопје. Ноќевање.

4 ДЕН: СКОПЈЕ - СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ - ОХРИД

Појадок. Напуштање на Скопје и поаѓање кон Охрид. Посета на националниот парк Маврово и манастирот Св. Јован Бигорски. Импресивен по својата градба, по раскошниот иконостас, чудотворната икона на Св. Јован Крстител.
Патот кон Охрид води потечението на реката Радика и пејсажи кои ќе Ве остават без здив.

Пристигнување во Охрид во доцните попладневни часови. Сместување во хотел.

Слободно време. Вечера. Ноќевање.

5 ДЕН: ОХРИД - ГАЛИЧИЦА - СВ. ЃОРЃИЈА, КУРБИНОВО - СЕЛО БРАЈЧИНО - ОХРИД

Појадок. Целодневна тура.

Оваа тура ќе биде исполнета со импресивни пејсажи.
Патот не води на врвот на планината Галичица од каде се пружа поглед на Охрид и Охридското езеро, а од другата страна е Преспанско езеро.

Кога е убав ден се гледаат и населбите на Албанската страна.

Кога ќе се премине Преспанската котлина, возејќи по крајбрежјето на Преспанското езеро и плантажите со јаболка - најголеми во овој дел се стигнува до селот Курбиново.

Посета на црквата Св. Ѓорѓија - невпечатилива по надворешниот изглде но разиграна по своето барокно фреско сликарство во внатрешноста. Искривените, динамични, издолжени фигури покажуваат нова страна поинакво перцепирање на уметноста.

Ручек во село Брајчино - еко село. Ќе видите како луѓето се адаптирале на новите услови на живеење и како едно скриено планинско село прерасна во едно од најпосетуваните села во Македонија.

Ручек во ресторан во селото со типична македонска кујна.

Враќање во Охрид. Ноќевање.

 

6 ДЕН: ОХРИД - СВ. НАУМ - ОХРИД

 

Појадок. Посета на манастирот Св. Наум - 16 век. Оваа тура ќе биде со брод или со автобус во зависност од временските услови.

Панорамски разглед на Охрид, хотелските комплекси, националниот парк Галичица, селата по крајбрежјето - Пештани, Трпејца (македонскиот Сант Тропе), Љубаништа.

Пристигнување во Св. Наум и посета на црквата. Првичната црква е изградена во 9 век. Новата црква е од 16 век а фрескоживописот е правен од локални мајстори. Позлатениот иконостас е од 1711 год.

Кај Св. Наум е и изворот на реката Црни Дрим која минува низ Македонија, Албанија и се влева во Јадранско море.

Ручек во ресторанот кај Св. Наум. Враќање во Охрид. Слободно време. Ноќевање.

 

7 ДЕН: ОХРИД

 

Појадок. Овој ден ќе биде целосно посветен на Охрид, бисерот на Македонија. Можиеби и години се малку да ги отркиете сите убавини на овој град, сепак оваа тура ќе ви ги прикаже најзначајните негови знаменитости.

Турата ќе започне со посета на црквата Св. Софија и нејзиното класично византиско сликарство, посета на Националниот музеј на Охрид, посета на 2000 год стариот антички театар.

Следува посета на црквата Богородица Перивлепотс каде ќе видите уште едно од делата на познатите зографи Михајло и Ефтихије.

Посета на галеријата на икони, една од најзначајните во светот за Византиската уметност.

Посета на црквата Св. Пантелејмон на месноста Плаошник и ранохристијанските базилики.

Следува посета на црквата Св. Јован Богослов-Канео која е и често симбол на градот пред се поради прекрасната идилична локација.

Враќање во Охридската чаршија, можност да купите сувенир-прочуениот Охридски бисер.

Слободно попладне. Организирана вечера со музика во национален ресторан.

Ноќевање.

8 ДЕН: ОХРИД - СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Испраќање на групата до Скопскиот аеродром. Заминување за дома. :-)
Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

 

ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ, ХОТЕЛ ВО ОХРИД
Хотелско сместување во Скопје - 3 ноќи и хотелско сместување во Охрид 4 ноќи
КОНТАКТИРЈАТЕ НЕ ЗА ЦЕНА сместување во 1/2 соби по лице
КОНТАКТИРЈАТЕ НЕ ЗА ЦЕНА сместување во 1/1 соби по лице

 

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Хотелско сместување
    3 ноќи во хотел во Скопје
    4 ноќи во хотел во Охрид
  • организиран ручек за време на патувањето (6 ручеци)
    1 Свечена вечера со музика и национално мени
  • Превоз и трансфер за сите места според програмата со високо туристички минибус/автобус
  • Професионален туристички водич за време на патувањето

Влезници за сите споменици кои ќе се посетат

Specifications

  • Култура
3248

Leave a comment

You are commenting as guest.