Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.
Прв ден: 10.04.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 06:40 часот и слетување во 08:55 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 12:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.
Втор ден: 11.04.2026 (сабота)
Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка пешачка градска тура со посета на Пазариери џамија во која сеуште постои олтарот на црквата Свети Константин која веднаш после прогласување на републиката била претворена во џамија. Време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на марината во Чешме. Посета на замокот на Чешме. Слободно време за ручек. Заминуваме кон Измир со попатна посета на лифтот од кој има преубав поглед на целиот град. Слободно време за кафе на познатата улица Дарио Морено. Планирано враќање во хотелот во 18:30 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 12.04.2026 (недела)
Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА, селото Ширинџе и Кушадаси. Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида – најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојните, духовно да се прочистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба на Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура. По завршување на посетата на Ефес и куќата на мајка Богодорица се упатуваме кон Кушадаси. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен, редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.
Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел. Заминување и трансфер кон аеродром во 08:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 11:00 часот. Пристигнување во Скопје во 11:20 часот локално време.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомени и услови: