Измир ( Алачати,Чешме,Ефес,Кушадаси)
Велигден 2026
ИЗМИР
(со посета на Алачати, Чешме, Ефес и Кушадаси)
авионска програма
Термин: 10.04.2026–13.04.2026
Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.
Прв ден: 10.04.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 06:40 часот и слетување во 08:55 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 12:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.
Втор ден: 11.04.2026 (сабота)
Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка пешачка градска тура со посета на Пазариери џамија во која сеуште постои олтарот на црквата Свети Константин која веднаш после прогласување на републиката била претворена во џамија. Време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на марината во Чешме. Посета на замокот на Чешме. Слободно време за ручек. Заминуваме кон Измир со попатна посета на лифтот од кој има преубав поглед на целиот град. Слободно време за кафе на познатата улица Дарио Морено. Планирано враќање во хотелот во 18:30 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 12.04.2026 (недела)
Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА, селото Ширинџе и Кушадаси. Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида – најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојните, духовно да се прочистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба на Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура. По завршување на посетата на Ефес и куќата на мајка Богодорица се упатуваме кон Кушадаси. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен, редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.
Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел. Заминување и трансфер кон аеродром во 08:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 11:00 часот. Пристигнување во Скопје во 11:20 часот локално време.
Промо цена по лице:
379 € / 23,500 мкд
за резервации заклучно до 14.03.2026
Редовна цена на аранжманот:
429 € / 26,600 мкд
Цената на аранжманот вклучува:
- Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :
- 10/04/2026 PC1572 Skopje – Izmir 06:40 08:55 P PAGT/QC
- 13/04/2026 PC1571 Izmir – Skopje 11:45 12:00 U UAGT/QC
- Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
- Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
- Туристичка такса
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик ( посета на Кемералти базар, Саат кулата, Кордон)
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување
Цената на аранжманот не вклучува:
- Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 45€ по лице (за минимум 20 лица) –Пазариери џамија (во којашто е сочуван олтарот на црквата Свети Константин), вклучена влезница за замокот во Чешме, посета на марината на Чешме како и Елеваторот во Измир на познатата Дарио Морена улица.
- Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик (без влезница), посета на Куќата на Богородица ( со вклучена влезница), посета на православното село Ширинџе и посета на градот Кушадаси – 85€ по лице (за минимум 10 лица)
- Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
- Бакшиш за возач и водич
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 85€
- Трето лице во трокреветна соба – 10% попуст
Напомени и услови:
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби
- За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд)
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред термин на поаѓање
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување се прави до 5 дена пред термин на патување, плаќање на излетите се прави на лице место
- Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица за факултативите, истите да ги откаже или да ја зголеми цената
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето