Прв ден 30.12.2026 Поаѓање во 23.00 часот од паркингот пред Спортската сала. Ноќно возење со попатни одмори преку Албанија. Утрото влез во Црна Гора.
Втор ден 31.12.2026. Пристигнување во Будва во утринските часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското Mоре. Сместување во приватни апартмани. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на Стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање во предновогодишна атмосфера. Вечерта Дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и мега ѕвездата Жељко Јоксимовиќ.
Трет ден 01.01.2027. Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот Залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со зидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки и време за ручек. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот и посета на Порто Монтенегро. Враќање во Будва. Можност за присуство на концертот на Дино Мерлин во Бар.
Четврт ден 02.01.2027 Одјавување од апартманите и поаѓање за Бар. Посета на црквата Св.Јован Владимир и слободно време за кафе . Во договорено време се поаѓа за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : ( 89 евра ПРОМО до 10.11.2026)
Редовна цена: 139 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување на база 2 ноќевања во апартмани
– Посета на Бар
- организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- здравствено патничко осигурување
- туристичка такса (задолжителна)- 1,5 евра на ден по лице
– посета на Котор ,Тиват и Порто Монтенегро -35 €
- посета на концертот на Дино Мерлин во Бар – 20 €
- влезници за културно историските споменици