БУДВА ОД ОХРИД
БУДВА– НОВА ГОДИНА 2026 - 3 ноќи
1.ден 30.12.2025 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 23 часот и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан, царински формалности и попатни паузи.
2. ден 31.12.2024 БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови и можност за попатно застанување во Бар или кај Св. Стефан, панорамски разглед и фотографирање. Пристигнување во Будва и сместување во студиа и апартмани. Слободно време за одмор, ручек, посета и прошетка на Стариот град , шопинг, да испиеме кафе покрај море, уживање во предновогодишната весела атмосфера и припрема за Новогодишната ноќ...
Вечерта забава со прекрасен огномет на плоштад со организирана програма со познати изведувачи...
СРЕЌНА НОВА 2026 ГОДИНА!
Ноќевање.
3. ден 01.01.2026 БУДВА – ДУБРОВНИК
На првиот ден од Новата година планирана факултативна целодневна посета на Дубровник: разглед и слободно време за прошетки во Стариот град Страдун, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа , Старата царина, Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, тврдините, Катедралата Св. Блаж, Црквата Св. Влах, Ректоровата Палата ... Слободно време за кафе, ручек. Во договореното време се враќаме во Будва.
Вечерта повторно организирана забава на плоштад со познати изведувачи...
Патниците кои нема да ја пратат факултативата имаат слободен ден во Будва.
Ноќевање.
4.ден 02.01.2026 КОТОР - БОГОРОДИЦА ОД КАРПИТЕ - ПОРТО МОНТЕНЕГРО
Во договорено време, околу пладне одиме на планиран целодневен факултативен излет до Котор, стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, потоа Бока-которскиот Залив со можност за посета на Црквата Госпа од Шкрпеља ( Богородица од карпите) која датира од 15 век, изградена на вештачки створен остров од страна на рибарите и мештаните (интересната историја ќе ви биде раскажана од искусните водичи) монденското летувалиште Порто Монтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус, Тиват и ... Слободно време за кафе, уживање покрај море, или посета на Воениот Музеј и последната Сина Подморница ...
Доцна попладне враќање во Будва.
Вечерта повторно организирана забава на плоштад ...
Ноќевање.
5.ден 03.01.2026 БУДВА - МАКЕДОНИЈА
Во договорено време одјавување од апартманите и поаѓање преку Албанија за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 eyр
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
сместување во Будва, 3 ноќевања, во приватни апартмани
Превоз на дадената релација
Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
Туристичка такса Будва – 4,5 еур
Факултативен излет до Котор , Бока Которска и Порто Монтенегро - 25 еур ( потребен минимум од 30 патници)
Факултативен излет до Дубровник - 35 еур ( потребен минимум од 35 патници)
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- за изведување на факултативните излети е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
- За патувањето во Хрватска – излет Дубровник, потребен е пасош , за Црна Гора може и само лична карта
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.
20