Класична Грција

КЛАСИЧНА ГРЦИЈА

8 дена/ 7 ноќи

 

Грција – лулката на западната цивилизација и ден денес сеуште го буди љубопитството на многубројните посетители. Животот на големите освојувачи, филозофи, поети и мноштвото Богови и Божици од грчкиот пантенон се доволна причина да учествувате во оваа спектакуларна тура назад во минатото...

 

ДЕН 1: ОХРИД

Пристигнување во Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2: ОХРИД - СОЛУН

По појадокот се поаѓа за Солун. Попатно посета на Едеса – позната по водопадите, посета на античка Пела – родното место на Александар Македонски. По разгледот поаѓање за Солун. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3: СОЛУН - АТИНА

Појадок. После појадокот разглед на Солун. Заминување кон Атина. Попатна посета на Термопилите, местото на кое се одвивала битката помеѓу 1.000.000 Персијанци наспроти 300 Спартанци. Посета на Делфи – најсветото место во античкиот свет, посета на храмот на Аполо. Пристигнвуање во Атина. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4: АТИНА

Појадок. По појадокот разглед на Атина: Археолошкиот музеј, плоштадите Синтагма и Омониа, Плака, стариот дел на Атина, акрополис, парламентот. Организирана грчка вечер во таверна.

ДЕН 5: АТИНА АРГОЛИДА

Појадок. По појадокот целодневен излет до Арголида, област во јужна Атина, позната по археолошките наоди. Посета на Коринтскиот канал, посета на градот Nauplion , посета на Микена, градот на познатиот крал Агамемнон, познат по Тројанската војна. Посета на најимпресивниот антички театар во Грција – Епидариус, познат по својата акустичност. Организран ручек во национален ресторан. Враќање во Атина. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ДЕН 6: АТИНА – ОХРИД

По појадокот се поаѓа за Охрид. Попатно застанување за пауза за ручек на изворите во Дафне. Пристигнување во Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 7: ОХРИД

Појадок. Разглед на Охрид: црквата Св. Софија, црквата Богородица Перивлептос, Античкиот театар, Плаошник, Самоиловата тврдина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 8: ОХРИД – ОХРИД АЕРОДРОМ

Појадок. По појадокот се поаѓа кон Охридскиот аеродром. Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

2213

Leave a comment

You are commenting as guest.