Скопје city tour

 

 

Скопје, главниот и најголем град во Македонија во кој можете на секој чекор да ја осетите средбата на Истокот и Западот, модерното и старото, ориенталното и ренесансното, има историја долга повеќе од 2000 год и е вистинско место за почеток на Вашето откривање на Македонија. Скопје е град во кој се вкрстиле многу патишта на многу цивилизации.

Како – Скупи – првото име на Скопје, беше град на Романските и Византиските императори, некои од остатоците на некогашното Скупи можат да се видат и ден денес.

Екскурзијата низ Скопје, ќе започне од Скопското Кале од каде се пружа прекрасен поглед на градот Скопје. Можност да се видат значајни делови од градот како планината Водно и милениумскиот крст, футуристчката и моедерна архитектура на скопската пошта, владата на Македонија.

Скопското Кале со средновековната тврдина доминира над градот. На калето се пронајдено остатоци на живеење од неолитот па се до средновековниот период.

Потоа се поаѓа во стариот дел на градот – Скопскиот бит пазар во кој преовладува оренталниот шмек.

Посета и влегување во цркавта Св. Спас изградена на крајот на XVII век. Црквата иако е мала и со неимпресивна надворешност – заради забраната на градење на убави цркви во турско време – сепак во неа се наоѓа едно од највредните достигнувања на македонската уметност – резбаниот иконостас дело на мијачката резбарска школа.

Во дворот на црквата се наоѓа и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев еден од борците за Македонска држава.

Движејќи се по тесните сокачиња на скопската чаршија ќе видите и импресивни градби од отоманскиот перио: Сули Ан, Капан Ан, Чифте Хамам, Куршумли ан.

Посета на Музејот на Македонија и разгледување на импресиовната колекција на артефакти од различни периоди и различни места од историјата на Македонија.

Движејќи се кон новиот дел на Скопје, ќе можеме да видиме дел од спомениците од проектот “Скопје 2014” од кои дел се во изградба а дел се завршени: Македонскиот театар, Меморијал музејот на македонските Евреи.

Посета на Даут Пашинот Хамам од XV век – денес галерија на современа уметност.

Поминувајќи преку Камениот Мост – еден од симболите на градот и вредно дело на средновековната архитектура.

Тој и симболично мост кој го поврзува старото и новото урбано Скопје во хармонична целина.

Следи посета на спомен куќата на Мајка Тереза – познатата мисионерка и хуманистка, која родена во Скопје.

Турата завршува кај старата железничка станица, на која саатот застанал и го обележува времето кога во 1963 год Скопје доживеа разурнувачки земјотрес.

Иако времето на старата станица стои сепак Скопје се движи енергично напред и е град кој ќе остави посебно и поинкво чувство кај секој посетител.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

1889

Leave a comment

You are commenting as guest.