(СТРУГА, КАЛИШТА)
Струга, вториот град по големина на брегот на Охридското езеро, низ кој извира реката Црн Дрим и му дава посебна живописност и убавина на овој град.
Струшката чаршија со своите дуќани, ресторани, златари ќе остават траен впечаток врз секој посетител.
Турата ќе почне во утринските часови од мостот на поезијата, каде се одржуваат познатите струшки вечери на поезијата, во чест на Константин и Димитар Миладинови, значајни македонски преродбеници.
Движејќи се дол крајбрежјето на Црн Дрим, можете да го осетите влијанието и сожителството на двете доминантни култури во Струга – македонската и албанската.
Посета на спомен куќата на браќата Миладиновци, можност за посета на музејот на Никола Незлобински – кој содржи примероци од животни и растенија од Охридското крајбрежје и кои се стручно класифицирани.
Следува посета на катедралната црква Св. Ѓорѓија во Струга, во која се наоѓа и вредна икона од XII век на овој светец.
Ке се помине низд струшкиот пазар од кој можете да купите свежи производи или сувенири.
Екуризијата продолжува кон селото Калишта, кое е 5 мин возење одалечено од Стурга.
Посета на пештерната црква Раѓање на Св. Богородица во која има испоснички ќелии и фрески од XIV век.
Во склоп на манастирот има и нова црква исто посветена на Св. Богородица. Во неа се наоѓа и иконата – Црна Богородица – која локалните жители и верници ја смеетат за чудотворна и лековита.
Инаку во склоп на овој манастир се наоѓа и летната резиденицја на поглаварот на Македонската Православна црква.
Во склоп на манастирот има и продавница за сувенири, како и манастирска ракија и други производи кои ги прават монасите на овој манастир.
Враќање во хотел.
ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ