Вила „Димитра“
4.0/5 rating (4 votes)

Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде  има бесплатен паркинг. Сезона 2023та клима се доплаќа на лице место од 5 еур на ден. 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД

(напомена: првите три и последните три термина се промо цени и не подложат на попуст) 

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

Опис на регион

Калитеа се наоѓа на Халкидики, на првиот крак Касандра, лоцирана централно и на источна страна на кракот, се карактеризира со прекрасна плажа која е наградувана со плаво знаменце за чистота, идеална плажа за фамилии со деца, плитка и чиста вода со ситен песок. 

Опис на сместување

 

Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата  и wi-fi.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

- Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

2237

Leave a comment

You are commenting as guest.