Вила „Димитра“
3.7/5 rating (6 votes)
Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг. Сезона 2025 климата е со доплата на лице место од 5 еур на ден.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима со доплата и wi-fi. Истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон или тераса, тв, клима со доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со спален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима со доплата и wi-fi.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите агенти.
- Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден од 2еур
Првите три и последните три термина се промо цени, на кој не следува попуст, истите се резервираат со 50% аконтација.
BLACK FRIDAY -15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 04.12.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.12.2024
-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2025
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања, изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -50еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
- попустите не може да се комбинираат,
- Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- 4:00 Скопје (Дрводекор)
- 4:30 Велес (БП Макоил, Мотел Македонија)
- 5:00 Неготино (БП Неготино)
- 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- 4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- 3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.