mksqhrendeelrusr

ВЕНЕЦИЈА за 8-ми март
5.0/5 rating 1 vote

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

ПРВ ДЕН (07.03.2026) Сабота

Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локалниот водич. Ноќевање.

 

ВТОР ДЕН (08.03.2026) Недела

По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, и родното мнесто на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање

 

ТРЕТ ДЕН (09.03.2026) Понеделник

По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање

 

ЧЕТВРТИ ДЕН (10.03.2026) Вторник

По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.

цена од

400

EUR

сега од

300

EUR

Што е вклучено во цената

3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре)

Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје

8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)

Посета на Падова и Тревизо

Локален Водич во Венеција со слушалки

Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром

Превоз до наведените релации

Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Багаж над 10 КГ – информации во агенција

Хотел 3* (во Мештре)

 

Го објавуваме на два дена пред поаѓање во зависност од групите

 

18

Leave a comment

You are commenting as guest.