mksqhrendeelrusr

Србија

СРБИЈА

7 дена/ 6 ноќи

Србија се наоѓа во центарот на Балканот и е крстосница на различни култури од Европа и Азија. Нејзиниот главен град Белград е динамичен и секогаш раздвижен. Тука можеби и најдобро се забележува средбата на Европа и Азија. Посета на Нови Сад, Златибор... исто така ќе го почуствувате и селскиот и идилечен живот на внатрешноста на Србија и гостопримството и гурманските способности на Србите...

 

ДЕН 1 БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2 БЕЛГРАД

Појадок. Разглед на Белград – главниот град на Србија кој е и еден од најстарите градови во овеј дел на Европа. Остатоци од долгата и турбулентна историја сеуште можат да се видат на тврдината која доминира над градот и двете реки Сава и Дунав. Ќе се посети тврдината Калемегдан опкружена со атрактивен градски парк. Посета на музејот на Никола Тесла. Посета на Куќата на цвеќето – спомен куќата посветена на Јосип Броз Тито, претседателот на поранешна Југославија. Следува крстарење со брод и разлед на Белград од брод. Вечера во боемскиот дел од градот Скадарлија. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 БЕЛГРАД – НОВИ САД - БЕЛГРАД

Појадок. Поаѓање за Нови Сад – економскиот, културен и политички центар на Војводина – провинција во Србија. Нови Сад се наоѓа на стратешка позиција на реката Дунав и во градот се осеќа влијание на унгарската култура. Разглед на мостовите на Дунав и разиграниот и шармантен центар на градот. Турата продолжува до манастирот Крушедол со неговата уникатна архитектура со влијанија на Барокот и Византиската култура.

Организиран ручек во фармата на Перко. Застанување на Петроварадинската тврдина од каде се пружа прекрасен панорамски поглед на градот. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање..

ДЕН 4 БЕЛГРАД – АВАЛА, ОПЛЕНАЦ - БЕЛГРАД

Појадок. Се поаѓа кон планината Авала и Опленац природен резервоар во Топола. Посета на споменикот на династијата Караѓорѓевиќи и домот на кралот Петар I. Тој беше водичот на првото српско востание против Турците во 1804 година и основач на династијата Караѓорѓевиќи.

Ручек во селски амбиент. Следува посета на манастирот Врачевшница. Враќање во Белград. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5 БЕЛГРАД – СЕЛО КНИЧ

Појадок. Посета на селото Книч, познато туристичко село. Посета на “Скриената” црква од XIII век, езерото Груза и карпата Борач – која е остаток од средновековна тврдина. Ручек во селото. Турата продолжува кон планината Златибор. Посета на музејот под отворено небо – Големо Село.

Ноќевање во селски амбиент.

ДЕН 6 СЕЛО КНИЧ – ЗЛАТИБОР, МОКРА ГОРА, ДРВЕН ГРАД

Појадок. После појадокот се поаѓа кон Златибор – планина и туристички ресорт во јужна Србија. Сместување во хотел во Златибор. По кратката пауза се поаќа на возење по Серганската Осумка и возот Ќира. По појадокот заминување на организиран разглед до Мокра Гора и посета на филмскиот град на режисерот Емир Костурица – Дрвенград на Меќавник.

ДЕН 7 ЗЛАТИБОР – СИРОГОЈНО, СТОПИЧА - ЗЛАТИБОР

Појадок. По појадокот се поаѓа на посета на музејот на отворено – селото Сирогојно со традиционалните куќи и автентична покуќнина. Тука во пријатен амбиент ќе се направи мала пауза за кафе или чај. Посета на пештерата Стопича, една од најголемите во Србија во која има обележани туристички стази. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 8 ЗЛАТИБОР - БЕЛГРАД

Појадок. По појадокот се поаѓа кон Белградскиот аеродром. Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

  • Култура
121

Leave a comment

You are commenting as guest.